КАФЕ ПАУЗА

Работа од соништата: Луксузен ресорт на Малдиви вработува продавач на книги

Работа од соништата: Луксузен ресорт на Малдиви вработува продавач на книги

Смирувачки и релаксирачки звук на океанските бранови, дрвја кои изгледаат како да го допираат небото и природна убавина далеку од бучниот градски живот – ако овие нешта ви звучат како идеалното место за читање, тогаш имаме нешто многу важно да споделиме со вас.rnrnРабота од соништата: Луксузен ресорт на Малдиви вработува продавач на книгиrnrnНа прв поглед, може да не ви се верува дека вакво место навистина постои во светот, а уште помалку дека би имале можност да заработувате живеејќи таму. Но, огласот за работа како книжар во рамките на ресортот со 5 ѕвезди Сонева Фуши е реален.rnrnРаботата, којашто бара кандидатот да се обврзе на 3-месечен договор, вклучува и задачи како организирање креативни работилници за пишување за гостите на ресортот, забавување на децата со читање приказни и пишување блог постови од сопствено искуство. Сега звучи уште поневеројатно, нели?rnrnРабота од соништата: Луксузен ресорт на Малдиви вработува продавач на книгиrnrnВилите во ресортот чинат и до 26.000 долари од ден, но замислете, ако ја добиете работата, ќе можете да уживате во овие убавини без пари.rnrnРесторот често е посетен од страна на членовите на британското кралско семејство и од популарните холивудски ѕвезди. Тоа е уште еден повод за да посакате да аплицирате за работната позиција.rnrnРабота од соништата: Луксузен ресорт на Малдиви вработува продавач на книгиrnrnВо книжарницата ќе бидат достапни разновидни книги, од познати локални приказни, приказни за морскиот живот, па сѐ до литературни класици кои се интересни за богатите гости.rnrnРабота од соништата: Луксузен ресорт на Малдиви вработува продавач на книгиrnrnЧовекот кој го овозможил сето ова е Филип Блеквел, кој потекнува од големо книжарско семејство со над 250 книжарници поставени во рамките на ресорти, бродови за крстарење и центри за забава. На оваа идеја тој дошол додека бил на одмор и самиот почувствувал дека изборот на книги за читање е многу слаб. И навистина, секој може да понесе книга-две од својата лична библиотека или пак, дури целата своја дигитална архива на својот уред. Но, чувството да стоите пред полиците и да избирате од раните едиции на светските класици е неспоредливо.rnrnРабота од соништата: Луксузен ресорт на Малдиви вработува продавач на книгиrnrnПогледнете ги овие интересни факти што можеби не ги знаевте за Малдиви.