7 секојдневни изговори со кои ја избегнувате вистината за зависноста
Алкохоличарите и корисниците на дрога често наоѓаат изговори за нивното однесување. Всушност, ова е еден од знаците на зависност. Кога треба да барате изговор за вашите избори, тогаш вашите избори почнале да владеат со вашиот живот. Во продолжение, погледнете некои од најчестите изговори што ги користат овие луѓе. Обрнете внимание на овие причини. Ако забележите дека некој сакан или вие ги користите, можеби има проблем.
1. Тој/таа ме тера да пијам
Префрлањето на вината е типично однесување на зависник. Многу е полесно да се обидете да ја префрлите вината наместо да признаете дека имате проблем.
2. Можам да прекинам ако сакам
Ова е можеби најчесто користениот изговор. Негирањето е знак на зависност. Многу луѓе продолжуваат да си ја кажуваат оваа лага што е можно подолго.
3. Пијам колку и сите други
Некои зависници ќе се споредуваат со други луѓе за да докажат дека нивната зависност не е толку сериозна. Само затоа што другите луѓе пијат или почесто користат наркотици, не значи дека вие немате проблем.
4. Морам да пијам за да се социјализирам
Социјалното пиење и употребување наркотици лесно може да се претвори во зависност. Зависникот најверојатно ќе си кажува дека користи наркотици или алкохол за да се социјализира. Со текот на времето, честото пиење и користење дрога ќе стане секојдневно.
5. Не повредувам никого
Друг изговор што го користи речиси секој зависник е тоа дека не повредува никој друг со своето однесување. Во тој случај, според него не би требало да му се мешате. Но, секој којшто има сакани, семејство и пријатели ги повредува нив со неговата зависност. Кога сте зависник, ги повредувате сите околу вас.
6. Не пијам толку многу
Многу зависници ќе ја рационализираат нивната зависност изјавувајќи дека не пијат или не користат доволно дрога за да бидат зависни. Луѓето коишто имаат проблем со пиењето многу често го користат овој изговор. Бидејќи не пијат секој ден од неделата, мислат дека немаат проблем. Ако имате потреба да користите дрога или да пиете алкохол неколку денови во неделата по ред, тогаш сте зависни.
7. Ми помага да се справам со болката
Изјавувањето дека ви се потребни дрога или алкохол за да се справите со менталната или физичката болка е исто така знак за зависност. Ако навистина ви е потребна супстанца за да се справите со болката, тогаш најдобро е да посетите професионалец. Обидите сами да се лекувате речиси секогаш водат кон зависност.
Првиот чекор е да ја знаете вистината
Ќе помине време додека да се соочите со вистината. Можеби уште долго ќе ги користите овие изговори. Но сега кога сте свесни за нив, можете веднаш да ги забележите во вашето или однесувањето на саканите. Препознавањето на проблемот е првиот чекор кон лекување.
Дознајте и како да се справите со хроничната зависност од супстанци.