Кога станува збор за мода, особено за најновите трендови, ништо не може да го надмине Инстаграм. Инфлуенсерките секојдневно ни сервираат нови трендови, што ние понекогаш ги прифаќаме дури и без да размислиме, бидејќи изгледаат едноставно беспрекорно. Па, ако и вие сте љубители на оваа социјална мрежа, како и на модата, тогаш погледнете ги следниве неколку трендови што веќе сите инфлуенсерки ги испробаа на улиците од својот град.rn
1. Животински принт
rn
rnrnПокрај карираниот, животинскиот принт е најголемиот хит за оваа сезона. Моделите инспирирани од животинска кожа и од крзно се наоѓаат на секој чекор, а вие нема да згрешите ни ако ги комбинирате со силни бои или други принтови.rn
2. Комбинезони
rn
rnrnИзгледа дека комбинезоните веќе не спаѓаат само во летните и свечените униформи. Тие пристигнаа и во есенско издание, а можете да ги пронајдете во различни материјали, модели и бои.rn
3. Долг фустан со шлиц
rn
rnrnОва познато дизајнерско парче облека заживеа во уличните верзии, а можеше да се види буквално на сите Модни недели ширум светот во најразлични комбинации.rn
4. Каубојски чизми
rn
rnrnДури и манекенката Кендал Џенер го прифати овој тренд. Покрај моделите во силни бои, што изгледаат како голем хит есенва, овие чизми можат да се носат и со посуптилни тонови со цел да се комбинираат со повеќе парчиња облека.rn
5. Тесни хеланки
rn
rnrnХеланките веќе некое време доминираат со светот на модата, но изгледа дека оваа есен токму оној модел што е познат како „хеланки за велосипед“ е тој што освои најмногу срца на Инстаграм.rnrnДознајте и како правилно да ги комбинирате хулахопките и чевлите.
