Со толку многу контроверзии околу нас, навистина е лесно да се обесхрабриме. Овие денови луѓето треба да се смеат почесто. Животот е премногу убав и краток за да го поминувате поголемиот дел од времето грижејќи се за нешта што се надвор од ваша контрола. Ако ви е потребна причина да се смеете почесто, во продолжение ќе најдете дури 25.rnrn
rn
1. Смеата ја намалува напнатоста во мускулите
rnСмеењето ги опушта мускулите во телото, најмногу на лицето, вратот, рамената и стомакот. Кога смеењето е неконтролирано се создава реакција која ја намалува напнатоста и го подобрува дишењето.rn
2. Смеењето го намалува нивото на стрес
rnЛуѓето кои се смеат и имаат позитивен поглед кон животот имаат пониско ниво на стрес хормони. Како што се намалува нивото на овие хормони, телото се опушта и ќе се чувствувате физички и емоционално одморени.rn
3. Смеењето ве подмладува
rnИстражувачите покажале дека смеењето го зголемува лачењето на ХГХ, хормон против стареење, за 87%.rn
4. Смеењето го намалува ризикот од болести на срцето
rnСмеењето ја подобрува циркулацијата на крвта и го зголемува нивото на кислород во телото. На овој начин се намалува ризикот од мозочен удар, кардиоваскуларни болести и инфаркт.rn
5. Смеењето ја подобрува циркулацијата
rnВо едно истражување спроведено од страна на Медицинскиот центар на Универзитетот во Мериленд, смеењето ги проширува крвните садови и ја подобрува циркулацијата.rn
6. Смеењето му помага на вашето срце
rnВо друго истражување од Универзитетот во Мериленд се открило дека луѓето со болести на срцето се смееле 40% поретко за разлика од здравите луѓе на иста возраст.rn
7. Смеењето го зајакнува имунитетот
rnСпоред Националниот институт за рак, смеењето ги контролира стрес хормоните и го зајакнува вашиот имунитет.rn
8. Смеењето го забрзува оздравувањето
rnИстражувањата покажале дека со намалување на крвниот притисок, зајакнување на имунитетот, намалување на стресот и слично, смеењето го забрзува и оздравувањето.rn
9. Смеењето го намалува нивото на шеќер во крвта
rnСмеата има многу здравствени придобивки за дијабетичарите. Во истражување од 2012-та во кое учествувале 19 лица со дијабетес се покажало дека смеата го намалува нивото на шеќер во крвта по оброкот.rn
10. Спиењето го подобрува сонот
rnЈапонските истражувачи откриле дека смеењето навечер го поттикнува лачењето мелатонин кој помага во спиењето.rn
11. Смеењето им помага на луѓето да ги подобрат вештините за справување
rnСмеата го намалува стресот со лачењето на ендорфини, а ова им помага на луѓето полесно да се справат со стресни ситуации.rn
12. Смеењето ја зголемува толеранцијата на болка
rnИстражувачите од Универзитетот Оксфорд откриле дека смеата ја зголемува толеранцијата на болка благодарение на ендорфинот. Па кога следниот пат ќе ве заболи нешто, пробајте да се насмеете.rn
13. Смеата е вид вежбање
rnСмеењето може да биде и вид физичка активност бидејќи со него ги вежбате дијафрагмата, рамената и стомакот.rn
14. Смеењето ве прави попривлечни
rnИстражувањата покажале дека смеењето ве прави попривлечни. Исто така се открило дека е многу полесно да бидете физички интимни со личност која е смешна.rn
15. Смеењето ја намалува агресијата
rnСмеата е одличен начин да се намали напнатоста во просторијата. Бидејќи сте релаксирани, можете полесно да се смирите и да ја намалите агресијата.rn
16. Смеата им дава енергија на органите
rnСмеата може да ги „разбуди“ органите како срцето, мозокот и белите дробови и ги стимулира да работат подобро.rn
17. Смеата ја подобрува дигестијата
rnИстражувањата покажале дека смеата ја подобрува дигестијата и е добра терапија за луѓето со чувствителен стомак.rn
18. Смеењето им помага на луѓето да заштедат и до 30% на лекување
rnДокторите во западна Јапонија направиле програма за медицинска нега на лица во која биле вклучени и физички тренинг и терапија со смеење. Околу 92% од испитаниците изјавиле дека нивните годишни трошоци за здравство се намалиле за 30%.rn
19. Смеењето го олеснува дишењето
rnСмеата го зголемува капацитетот на белите дробови и ги прочистува. Исто така поради смеењето издишувате подолго и го отстранувате застојаниот воздух.rn
20. Смеата ја подобрува сликата што ја имате за себе
rnСпоред истражувањата смеата има големо влијание на тоа како се гледате себеси, особено ако сте мажи. На пример, ако некоја личност се смее на шегите на некој маж, тој ќе се почувствува гордо.rn
21. Смеата ја поттикнува креативноста
rnБидејќи смеата ја поттикнува креативноста, постои и „креативна вежба за размислување“ која бара од вас присилно да се смеете на глас.rn
22. Смеењето го продолжува животот
rnКомбинацијата од сите придобивки од смеата го продолжува вашиот живот. Едно истражување кое траело 20 години покажало дека позитивните луѓе живееле околу 7,8 години повеќе од луѓето со негативен поглед кон светот.rn
23. Смеата ја зголемува вашата продуктивност
rnНекои истражува покажале дека смеата е добра за вашата продуктивност. Позитивниот поглед кон светот им помага на луѓето да бидат поефикасни во креативното решавање проблеми. Исто така овие луѓе имаат повеќе енергија, повеќе мотивација и се оптимисти за претстојните предизвици.rn
24. Смеењето ги подобрува врските
rnСпоред истражувањата, паровите кои заедно имале сесии медитација со смеење забележале значително подобрување во врската. Покрај тоа семејства што се смеат често се поблиски и подобро се справуваат со стресните ситуации.rn
25. Смеењето прави да изгледате помладо
rnНашето лице го покажува стресот што го чувствуваме преку затегнатите мускули и брчките. Но кога се смеете се намалува напнатоста во овие мускули и изгледате помладо.rnrnПогледнете ги и овие интересни факти за смеењето што ќе ве изненадат.