Неопходни предмети што секој треба да ги има во кутијата за прва помош

Неопходни предмети што секој треба да ги има во кутијата за прва помош

Секогаш може да се случи некоја несреќа дома, па важно е да бидете подготвени. Кутијата за прва помош е неопходна за справување со несреќи. Иако можете да купите готова кутија за прва помош, навистина е лесно да направите ваша и да ја прилагодите според вашите потреби.

ОДБИРАЊЕ И ОДРЖУВАЊЕ НА КУТИЈАТА ЗА ПРВА ПОМОШ

Неопходни предмети што секој треба да ги има во кутијата за прва помош

1. Одберете добра кутија

  • Голема провидна, водоотпорна пластична кутија би била одлична за оваа намена.
  • Кутијата треба да биде лесна за носење, па корисно е да има рачка.
  • Предметите во кутијата можат да се организираат во обележани кеси со патент.
  • Без разлика на изборот на кутијата, важно е на неа да напишете „ПРВА ПОМОШ“ со перманентен маркер за лесно да ја идентификувате. Исто така црвената боја ќе ви помогне полесно да ја забележите.

2. Чување на кутијата за прва помош

  • Најдете постојано и лесно достапно место за кутијата. Сите нека знаат каде се наоѓа, дури и вашите деца.
  • Децата нека знаат каде се наоѓа, но направете ја потешко достапна за нив.

3. Споделување информации со семејството

  • Секој што е доволно стар нека ги научи нештата во кутијата.
  • Децата треба да знаат каде се наоѓа кутијата. Иако не можат да ја земат, потребно е да знаат да покажат каде е.
  • Ставете упатство во кутијата. Исто така, ако некој од членовите има посебна медицинска нега, запишете го и тоа и ставете го во кутијата.

4. Одржување на рокот на кутијата

  • Кутијата за прва помош со лекови со поминат рок не е од корист. Проверувајте ја кутијата 2 пати годишно за оваа цел.
  • Направете листа на нештата во вашата кутија за да знаете што треба да купите.

5. Полнење на кутијата за прва помош

  • Поделете ги лекарствата во неколку категории како „исекотини и истегнување“, „алергии“ и слично.
  • Ставете по малку од препишаните лекови на членовите во семејството. Убаво обележете ги и запишете ја дозата што треба да се зема.

ШТО ТРЕБА ДА ИМА ВО КУТИЈАТА ЗА ПРВА ПОМОШ?

Неопходни предмети што секој треба да ги има во кутијата за прва помош

1. За исекотини и гребаници

Неопходни предмети што секој треба да ги има во кутијата за прва помош

  • Ханзапласт со разни форми и големини
  • Стерилна газа
  • Антисептички раствор
  • Антисептички марамчиња
  • Маст со антибиотик

2. За истегнувања

Неопходни предмети што секој треба да ги има во кутијата за прва помош

  • Еластична газа
  • Лек против болка, како аспирин

3. За чешање и осипи

Неопходни предмети што секој треба да ги има во кутијата за прва помош

  • Лосион каламин
  • Маст хидрокортизон за чешање

4. За алергии

Неопходни предмети што секој треба да ги има во кутијата за прва помош

  • Антихистамини

5. За каснување од змија

Неопходни предмети што секој треба да ги има во кутијата за прва помош

  • Чиста газа
  • Ножици
  • Пумпа за вадење отров
  • Скалпел за една употреба
  • Амонијак за вдишување

Првата помош не е лек за каснување од змија. Во овој случај е важно да се земе противотров што е можно побрзо. Ако ве касне змија, останете мирни. Ако можете фотографирајте ја змијата за полесна идентификација.

6. Алатки и други лекови

Неопходни предмети што секој треба да ги има во кутијата за прва помош

  • Безопасни
  • Самолеплива лента
  • Орален топломер без жива
  • Маска за вештачко дишење
  • Инстантни ладни облоги
  • Пинцета
  • Вазелин
  • Стерилно средство за чистење очи
  • Гумени ракавици
  • Памук и памучни стапчиња
  • Ножици
  • Алкалии
  • Лекови против дијареја
  • Лични лекови
  • Телефонски броеви за итни случаи

Прочитајте и за митовите за прва помош кои треба да ги заборавите.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар