Маж кој умрел два пати тврди дека нема живот по смртта

Маж кој умрел два пати тврди дека нема живот по смртта

На почетокот на 2014-та година, Саша Елијасон не ни помислувал дека ќе искуси нешто што го почувствувале малкумина, а уште помалку два пати.

Маж кој умрел два пати тврди дека нема живот по смртта

Тој бил обичен студент од Шведска. Првиот инцидент се случил за време на сообраќајна несреќа додека тој бил со неговиот мотор. Возел по автопатот и случајно влетал на градилиште. Се обидел да закочи, но изгубил контрола над возилото. Шокот и болката го натерале неговото тело да престане да функционира и неколку минути бил без свест, немал пулс и не дишел. Многу месеци подоцна, неговото тело уште еднаш „се исклучило“ откако се предозирал со лекови за болка по операција.

И во двата случаи лекарите успеале да го вратат во живот, но на некој начин Саша бил мртов два пати по неколку минути. Неговата приказна ги заинтересира луѓето ширум светот. Па, наскоро по искуствата, Саша, кој цел живот е атеист, решил да сподели што видел во тие неколку минути.

На Редит тој објаснил дека кога умрел, тоа било сè. Животот бил завршен. Не видел светло на крајот од тунелот што е опишано од многумина. Гледал само потполна темнина. Дури изјавил дека чувството било како да имал кратка дремка без соништа. Се чувствувал како да поминало многу време. Саша воопшто не бил свесен за сериозноста на она што му се случило сè додека лекарите не му кажале дека всушност умрел.

Набрзо откако изјавил за непостоењето на никаков живот по смртта, многу критичари се сомневале во неговата изјава. Некои сметале дека бил свртен кон другата страна наместо кон светлината. Други мислеле дека божјата моќ била свесна дека Саша не треба да умре, па тој воопшто не погледнал во смртта. Некои дури му кажале дека ќе оди во пеколот затоа што кажувал такви нешта, па дури добивал и смртни закани.

Кога ги видел критиките, Саша изјавил дека единствено сакал да го сподели своето искуство. Немал намера да започне духовна и религиска дебата и да разгневи многумина. Тој го бранел неговото искуство изјавувајќи дека можеби неговата свест била активна, па сето тоа било сон.

Тој кажал и дека ова искуство му помогнало да прифати дека е само смртник и дека еден ден ќе умре. Му станало јасно дека ниту едно од неговите достигнувања нема да му биде од корист штом ќе умре. Тие ќе имаат влијание само на луѓето што ќе ги остави зад него. Саша ги советува читателите да се помират со фактот дека смртта е дел од животот со цел да се ослободат од стравот од умирање.

Ова искуство не му го променило мислењето за религијата – Саша и понатаму е атеист. Признал дека се надевал да види нешто божествено, некој доказ дека постои нешто поголемо од нас. Но иако сега знае дека не постои ништо, барем во неговиот случај, тоа не го променило. Сепак, Саша смета дека луѓето треба да веруваат во што сакаат без да ги присилуваат другите да го прифатат тоа верување. Секој би требало да има слобода да зборува за неговите искуства.

Дознајте и што чувствуваат луѓето во последните моменти од својот живот.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар