ТВ серија: Невини (The Innocents)

ТВ серија: Невини (The Innocents)

Откако тинејџерите Џун и Хери ќе избегаат од дома, тие ќе откријат нешто неверојатно – Џун поседува моќи за трансформација

Главни улоги: Сорча Граундсел, Персел Аскот, Гај Пирс

Жанр: драма, романса, научна фантастика

Креатори: Ханија Елкингтон, Симон Дурич

Премиера: 24 август 2018

Број на сезони: 1

Времетраење: 60 минути

Јазик: англиски

Наша оценка: 8/10

Ваша оценка: 1 ѕвезда2 ѕвезди3 ѕвезди4 ѕвезди5 ѕвезди6 ѕвезди7 ѕвезди8 ѕвезди9 ѕвезди10 ѕвезди (1 гласа, просек: 10,00 од 10)
Loading...

 

Станува збор за уште една љубовна приказна наменета за младите возрасни. Но, оваа романса е збогатена и со елементи на научна фантастика, правејќи ја само уште еден наслов меѓу многуте во купчето на овој хит жанр што делува како да нема никогаш да замре. Изгледа целиот свет е опседнат со идејата за некаков вид „еволуција“ на човештвото, за мало разбранување на монотоното секојдневие и целосно менување на животот каков што го знаеме. Со оглед на тоа каков живот водиме, ова можеби е и сосема логично.

Приказната ја следи младата Џун (Сорча Граундсел), на која ѝ се наближува 16-от роденден. Таа живее во запуштен дел од Шкотска со својот агорафобичен брат Рајан (Артур Хјус) кој никогаш не излегува од дома и со својот претерано заштитнички настроен татко Џон (Сем Хејзалдин). Бидејќи веќе не може да ги поднесе условите во коишто живее, Џун и нејзиното тајно момче Хери (Персел Аскот) планираат да избегаат во Лондон. Тие успеваат да го сторат тоа, но брзо по почетокот на нивното патување наидуваат на двајца мажи што тврдат дека имаат порака од отсутната мајка на Џун, Елена (Лаура Бирн). Нивните намери не се воопшто добри, тие дури и ќе ги нападнат, што ќе се претвори во момент на пресвртница во животот на Џун.

Џун набрзо ќе дознае дека татко ѝ ја чувал под строг режим поради фактот дека таа поседува натприродни моќи – истите моќи што и нејзината мајка ги поседувала, односно дарбата (или проклетството) да може да се трансформира во друга личност. Всушност, не ни можам да кажам дека станува збор за натприродни моќи, бидејќи како што објаснуваат во самата серија, сè е до генетиката. Способноста за трансформација се пренесува преку редок скандинавски ген од страна на мајката, најчесто скокајќи една генерација. Токму тоа ја прави Џун многу ретка…

Очекувајте 4 бавни епизоди во коишто нема да разбирате буквално ништо од тоа што се случува. Но, кога тие ќе завршат, следните 4 ќе ви докажат дека вредело тоа што сте почекале и без сомнение ќе бидете задоволни од наградата што ќе ја добиете.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар