Момче направило автомобил дрон со цел да го избегне сообраќајниот метеж
До неодамна концептот за летачки автомобили беше само дел од нашата фантазија и нешто што го гледавме во филмовите. Но благодарение на денешната технологија, еден изумител отишол чекор подалеку – направил негов летачки автомобил дрон.
Кјукз Мендоза од Филипините почнал да работи на овој неверојатен изум уште пред речиси 6 години. Целта му била да го избегне сообраќајниот метеж и дури неодамна го направил првиот успешен тест со летање. Успеал да го лансира возилото на височина од 7,5 метри.
Направата е малку нестабилна, но Мендоза успешно го извел летот.
„Ова е летачки автомобил што ја користи технологијата на дроновите, односно технологија со повеќе перки за летање. Тоа е како автомобил дрон. Сакав да направам спортски автомобил, на пример, летачко Ламборџини. Но дизајнот беше полн со грешки. Некои од материјалите согореа по употребата, а други баш и не функционираа. Една од главните одлики е системот со батерии – ако една батерија се истроши, леталото сè уште останува во воздух.“
„Koncepto Millenya“, тимот на Мендез, бара инвеститори што ќе им помогнат да го донесат производот и на пазарот. Со малку среќа би требало да најдат купувачи и можеби и ние ќе бидеме во можност да управуваме со нешто вакво.
Погледнете го и овој неверојатен систем за транспорт што се движи врз сообраќајот.