Што се случува со телото на мајката ако три бебиња одеднаш растат во неа?
Шансите да останете бремени со тројка се многу мали. Па, затоа и можеме да ја наречеме 36-годишната Марија од Копенхаген, Данска, многу среќна. Таа и нејзиниот сопруг Андерс веќе имаат машко дете, но набрзо ќе се запознаат и со нов син, заедно со уште две ќерки. Документирајќи ја својата бременост, Марија правела фотографии од промените што нејзиното тело ги претрпело, собирајќи неверојатни 62.000 следбеници по пат.
„Какво патување беше ова“, пишува Марија. „Од големиот шок кога дознав дека има три бебиња, реакциите на луѓето, бројните тестови и проверки, па сè до подготовките и планирањето на овој настан што целосно ќе ни го промени животот – ништо не е обично. Но, среќна сум што ги направив овие фотографии“, додава таа. „Тие навистина го покажуваат масивното растење. Многу е чудно да завршите со толку голем стомак и уште почудно е што можете да стоите исправено без да паднете!“
Таа последните денови ги нарекува „игра на чекање“. Марија поголемиот дел од деновите ги поминува гледајќи ТВ серии, спиејќи и занимавајќи се со својот телефон. На тоа додајте му и клоци од три бебиња, жиговина и многу Брекстон Хикс контракции, и ќе можете подобро да разберете низ што минува таа. За Марија, секој нов ден е ДЕНОТ што го очекува! Погледнете ги фотографиите за да ја видите неверојатната трансформација на телото на оваа мајка.
Запознајте ја Марија, која очекува тројка
Таа останала бремена по природен пат со три бебиња, што е екстремно редок настан
Марија ги документирала добрите и лошите страни на својата бременост на Инстаграм, собирајќи над 62.000 следбеници
Таа исто така споделила и временска линија од неверојатното растење на нејзиниот стомак
Марија е среќна што ги направила овие фотографии, затоа што ќе има и дигитален спомен од целиот настан
Погледнете го и ова видео каде што таа го покажува својот стомак
View this post on Instagram
На почетокот таа мислела и дека ќе биде хоспитализирана при крајот на бременоста, но сега засега, сè се одвива без сериозни компликации
Таа едноставно ужива во последните денови со трите бебиња во нејзиниот стомак
Марија и Андерс се запознале на Тиндер пред повеќе од 4 години
И тие стапиле во брак пред само 2 и пол месеци
Парот се подготвува за новите членови на семејството
Тие дури и ќе го сменат својот автомобил за минибус каде што сите ќе можат удобно да се возат
И еве како изгледа специјалното бебешко креветче што тие го зеле за тројката
Прочитајте и зошто целиот Интернет се смее на оваа 23-годишна скриена порака во тоалетот на еден пар!
Преводов ви е смрт… „жештина во срцето“. Барем користете речник