Колку време е навистина потребно за да создадете нова навика?

Колку време е навистина потребно за да создадете нова навика?

Во 1950-тите пластичниот хирург Максвел Малц почнал да ги запишува неговите набљудувања поврзани со периодот на прилагодување на операциите на неговите пациенти. Наодите биле објавени во 1960-та. Неговите коментари на оваа тема на некој начин станале мит. Со негови зборови:

„Овие и многу други често набљудувани феномени покажуваат дека потребни се најмалку 21 ден за да се отстрани старата ментална слика и да се замени со нова.“

Колку време е навистина потребно за да создадете нова навика?

Токму оваа реченица е одговорна за верувањето дека за нова навика се потребни 21 ден. Причината што ова е мит е тоа што доктор Малц јасно изјавува дека се потребни најмалку 21 ден, а не точно 21 ден. Ова значи дека за нова навика понекогаш е потребно подолго време. Неговата изјава се пренесувала толку често што зборот „најмалку“ се тргнал од неа.

Покрај тоа, доктор Малц едноставно објавил информации за неговите набљудувања кои не се засновани на никакви научни податоци. Сепак денес многумина сметаат дека митот за 21 ден е неоспорна вистина. Но ова не е точно, а доктор Малц бил свесен за тоа.

„Активноста која често се повторува наскоро станува навика. На почетокот можеби изгледа како пајакова мрежа од која лесно можете да се ослободите, но ако не давате отпор наскоро ве заробува во челични синџири.“ – Трион Едвардс

Па, колку време навистина е потребно за да создадете нова навика? За среќа постои истражување кое ни дава одговор.

Истражувањето е спроведено во 2009-та година од страна на Филипа Лели и нејзиниот тим од Универзитетот во Лондон. Истражувачите го проучувале однесувањето на 96 волонтери. Секој од нив одбирал целосно нова навика која требало да стане дел од неговиот секојдневен живот во период од 12 недели. Секој волонтер пополнувал извештај за навиката и им го давал на истражувачите.

Од овие податоци истражувачите откриле дека во просек се потребни 66 денови за да се создаде нова „автоматска“ навика. Но времето што им било потребно на испитаниците многу се разликувало – од 18 до 254 денови, во зависност од личноста и разни други фактори. Ова прави тешко, ако не и невозможно да се одреди колку точно време е потребно за создавање нова навика.

Но секогаш можете да истражувате на себе. Колку време ви е потребно најмногу зависи од вашата способност да го дадете најдоброто од себе. Запишувајте ги вашите резултати и правете прилагодувања во зависност од нив.

Друго важно нешто што го откриле истражувачите е критично за процесот на формирање навика. Тие откриле дека испуштањето една можност да ја практикувате навиката немало влијание на процесот на формирање на навиката. Ова е навистина важно бидејќи повеќето луѓе веруваат дека ако направат пауза од само еден ден, целиот процес дотогаш бил залуден.

Формирањето нови навики не бара перфекција. Само дајте го најдоброто од себе и не се откажувајте. Целете кон 66 денови и размислувајте дека тоа е промена на животниот стил наместо нешто што ќе го правите краток период. До изминувањето на тој период навиката ќе стане дел од вас и ќе ви биде многу полесно да продолжите, дури и ако не е целосно „автоматска“.

Секој од нас има лоши навики, па погледнете кои се секојдневните навики од кои би требало да се ослободите што е можно побрзо.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар