Овој брод може да превезе 6.600 патници, чини 800 милиони долари, има 2 приватни острови и тематски парк
Ѕирнете во внатрешноста на најголемиот брод досега, во сопственост на британско-американскиот крстосувачки оператор Карнивал, кој може да превезе 6.600 патници, во него е вложен буџет од околу $800 милиони за изградба, има 2 приватни острови, како и воден, тематски парк во вид на џунгла.
Корпорацијата Карнивал и нејзиниот германски бренд за крстарење „АИДА Крстарења“ го претставија нивниот најнов член во флотата, со повеќе од 100 брода – АИДАнова.
АИДАнова го доби своето име на 31 август годинава, пред 25.000 гости, со концерт на отворено, предводен од Давид Гета. Заедно со своите импресивни додатоци, АИДАнова е уникатен во тоа што е првиот брод кој работи на течен природен гас, најчистото согорувачко фосилно гориво.
Во план е АИДАнова да го започне своето прво патување во декември. Во продолжение, погледнете некои од волшебните детали коишто се кријат во внатрешноста на овој гигантски брод.
АИДАнова може да опслужи околу 6.600 патници и 1.500 членови од екипажот, а тоа го прави да биде 5-тиот најголем брод во светот
АИДАнова има должина од околу 330 метри и целокупна тежина од 184.000 тони
АИДАнова беше крстен на 31 август, пред публиката во Папенбург, Германија
Во него има огромен избор на храна и пијалаци – патниците можат да изберат помеѓу 17 ресторани и 23 барови
Ресторанот „Временска Машина“ се стреми да создаде микс помеѓу врвното доживување и кујнската уметност. Во него, гостите ќе искусат патување низ историјата и иднината, во текот на нивната вечера
Гостите во ресторанот „Океан“ имаат можност да уживаат во морска храна, додека се опкружени со мултимедијални проекции од водата…
…Или можат релаксирано да се упатат кон делот за улична храна, каде што имаат понуда на оброци како донер кебап, германскиот колбас со кари т.н. каривурст и сендвичи во багет
Исто така, можат да појдат и во ресторанот „Churrascaria Steakhouse“, во кој може да се ужива во бразилскиот специјалитет, месо на ражен
Ресторанот „Teppanyaki Grill“ овозможува заедничко седење и подготовка на храната пред самите гости
На овој брод секако, може да се ужива и во јадењето суши
Продолжува на следната страница…