12 митови за ендометриозата поради кои страдаат голем број жени

Сподели

Се сметало дека оваа болест е навистина ретка, но едно истражување од 2017-та година открило дека 10% од жените пред менопауза и девојчињата имаат ендометриоза. Ова е еднакво на милиони жени низ целиот свет.

Реклама

Истовремено, ендометриозата е навистина неразбрана болест. Митовите за оваа состојба постојат и денес и покрај тоа што е очигледно дека е една од најчестите хронични болести кај жените. Овие митови се причина што многу жени со години страдаат од болеста пред да добијат точна дијагноза.

Ендометриозата не е смртоносна болест, но може да предизвика интензивна болка, намалена продуктивност и непотребно страдање. Па, дознајте кои се најчестите митови поврзани со оваа болест.rn

1. Ендометриозата е само лоша менструална болка

rnОва е еден од најчестите митови. Во реалноста ендометриозата е хронична болест во која ткиво слично на она во матката расте во други делови од телото. Ова може да предизвика и други компликации кои се многу полоши од менструалните болки.rn

2. Ендометриозата ја напаѓа само матката

rnРастењето на ткивото обично почнува околу матката. Но, може да се прошири и на останатите делови од телото како дебелото црево, колковите, јајниците, па дури и белите дробови.rn

3. Болката се јавува само за време на или околу менструацијата

rnМногумина мислат дека ендометриозата се јавува за време на или кратко пред менструацијата, исто како ПМС. Но, многу од пациентите имаат болка и за време на овулација, а некои жени ги чувствуваат симптомите и во текот на целиот месец.rn

4. Ендометриозата е поради одложување на бременоста

rnНема никаков доказ за овој мит. Експертите сè уште го немаат откриено коренот на болеста, но најверојатно се абнормалности во менструалниот циклус.rn

5. Ендометриозата се лекува со забременување

rnПромената во хормоните може да ги потисне симптомите или да го забави растењето на ткивото. Но ова не значи дека бременоста ја лекува болеста, туку дека може само привремено да ве ослободи од симптомите.rn

6. Болеста може да се лекува со пилули за контрацепција

rnПилулите за контрацепција често се препишуваат како третман за болните симптоми од ендометриозата. Но, хормоналната терапија не е лек. Засега уште нема лек за оваа болест и единствената опција што постои е операција.

Продолжува на следната страница

Популарно

Може ќе ве интересира