Вашата тазе љубовна врска се движи со пребрзо темпо? Еве како да забавите

Вашата тазе љубовна врска се движи со пребрзо темпо? Еве како да забавите

На повеќето луѓе, во одредена фаза од „љубовната кариера“ порано или подоцна ни се има случено да завршиме со партнер, со кој на почетокот сè изгледа како ремек-дело од бајките на Дизни и после неколку месеци – ОП, бајките се претвораат во ноќна мора. Фрустрациите и недоразбирањата стануваат неизбежен дел од врската и лека-полека, се акумулира негативна енергија, наместо првичната романтична нота и сета врска оди по ѓаволите. Се прашувате зошто? Па, можеби не знам која е точно вашата приказна, но знам дека едно од можните сценарија е дека и двајцата сте избрзале со многу нешта, во премногу рана фаза од вашето запознавање.

Вашата тазе љубовна врска се движи со пребрзо темпо? Еве како да го успорите

1. Дали само се забавувате или барате нешто посериозно?

Жешкиот секс на темниот паркинг може да ви звучи возбудливо и секси и ако тоа е она што навистина ви е потребно, нема ништо лошо во малку авантура и забава. Но, доколку се надевате дека сексот за една вечер, ќе се претвори во нешто подолготрајно и сериозно, тогаш со ваквиот начин на однесување, шансите се минимални, речиси непостоечки. Дури и ако вие двајца продолжите да излегувате и да имате секс, проблемот не е во тоа што имате премногу односи во вашата врска, туку фактот дека имате премногу односи пред вашата врска воопшто да има шанса да почне да се развива. Ова е почетничка грешка, што многу парови ја прават на почетокот, кога страста, возбудата и желбата за физичка поврзаност со партнерот, се на многу високо ниво.

Без разлика дали ви се допаѓа ова што го читате или не, реалноста е дека постојаниот, сеприсутен секс во раната фаза од врските, најчесто завршува со ефектот наречен „очила со розови стакла“. Вие сте толку „издрогирани“ од ендорфините коишто прават да се чувствувате убаво, што последователно на тоа пребрзо паѓате во удолница и вашата перцепција за реалноста е изобличена. Голем број од нас луѓето, ја учиме оваа лекција на потешкиот начин, преку лоши искуства.

2. Наместо пак да сe фрлите во тој заводнички секс, за промена успорете малку

Зошто не започнете да применувате некои правила што важат во фазата на додворување? Дадете си го неопходното време за да го осознаете и запознаете вашиот партнер, за да можете да одредите дали вие навистина сте добар, компатибилен пар, со исти животни цели? Уживајте во патувањето, наместо да трчате кон крајната линија. Љубовта не е трка којашто треба да се победи, таа е процес којшто се гради ден за ден, момент за момент.

Вашата тазе љубовна врска се движи со пребрзо темпо? Еве како да го успорите

Обидете се само да се држите нежно за раце, подарете си длабоки бакнежи, додека го/ја скокоткате за половината, обидете да се чуете и да се погрижите за тоа што има да ви го каже за себеси и бавно создадете длабока и долготрајна врска, којашто ќе премине во страстниот, нераскинлив спој за којшто отсекогаш сонувате.

3. Како да го успорите темпото и да ѝ дозволите на врската да процвета на здрав начин?

Ок, јасно ви е каде сте грешеле до сега, но прашањето тука е: како да продолжите откако го знаете овој податок? Како да се справите со анксиозноста, којашто како мрачна сенка го следи развојот на голем број од врските и пробува да уништи сè што било добро? Како да знаете дали таа нервоза, е само нормална несакана последица од вашето лудо вљубување, ваш нездрав одбранбен механизам или можеби е оправдано црвено знаменце, коешто алармира будење?

Ние не го знаеме одговорот, но психологот Алиша Х. Кларк, советничката по ментално здравје Марта Роша, биолошкиот антрополог Хелен Фишер и психотерапевтот д-р Фуџан Зајне, се согласни во одговорот на ова прашање. Тие сметаат дека изземањето на себеси од целото розово, хормонално возење на луда железница и дозволувањето на конекцијата меѓу вас природно да се развива, е клучот до неверојатна љубовна врска и фантастичен сексуален живот, на долги стази.

Ако трчате во врската премногу брзо голема е веројатноста, не само да се изгорите, туку и да изгубите навистина специјална и прекрасна љубовна врска, само затоа што сте сакале да успее во нејзината прерана фаза.

Дознајте и дали вашата љубовна врска е успешна за само 60 секунди!


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Љубопитна новинарка и маркетерка со истражувачки дух, која е во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, испеана песна и барем малку возбуда, не треба да ѝ помине ниту еден ден. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

Остави коментар