13 едноставни прашања од училиште што им предизвикуваат проблем на повеќето возрасни
Училишните денови се вистински предизвик не само за децата, туку и за нивните родители. Па за почетокот на новата учебна година обидете се да ги одговорите прашањата од основно и средно училиште.
1. Колку океани има на Земјата – 4, 5 или 6?
Одговор
Има 5 океани. Беа 4 – Тихи, Атлантски, Индиски и Северно Леден Океан. Во 2000-та година Интернационалната хидрографска организација обединила делови од Атлантскиот, Индискиот и Тихиот Океан за да го создаде новиот Јужен Океан.
2. Мерката за јачината на електрична струја е ампер, волт или ват?
Одговор
Мерката за јачина на електрична енергија е ампер. Именувана е по францускиот физичар Андре-Мари Ампер.
3. Колку е оддалечена планетата Сатурн од сонцето?
Одговор
Сатурн е 6-тата планета во Сончевиот систем. Како Јупитер, Уран и Нептун, Сатурн е гасен џин и нема цврста површина.
4. Како е наречена црвената линија – апциса, симетрала или котангенс?
Одговор
Линијата е наречена симетрала, односно линија што го дели аголот на два еднакви дела.
5. Хемискиот симбол Аg е за злато, сребро или аргон?
Одговор
Ag e кратенка од латинскиот збор Argentum, односно сребро.
6. Колку дециметри има во 0,2 километри – 20.000, 2.000 или 200?
Одговор
0,2 километри се 200 метри. Секој метар има 10 дециметри. Па, ако помножите 200 и 10 ќе добиете 2.000 дециметри.
Продолжува на следната страница…