5 едноставни нешта што ќе ви помогнат да го исчистите умот од негативните мисли
Додека нашиот мозок е навистина убава и чудна машина, да бидете постојано свесни и да преработувате информации може да има свои недостатоци. Без разлика дали размислувате за мистериите на универзумот или гледате некоја серија, понекогаш не можете да се ослободите од негативните мисли. Поради ова голем број луѓе страдаат од анксиозност. Ако и вие спаѓате во оваа група, овие едноставни совети навистина ќе ви помогнат.
1. Релаксирајте се пред спиење наместо да работите
Ова може да биде навистина тешко. Речиси сите ја довршуваат останата работа од текот на денот навечер. Но ако сакате чист ум, од голема важност е да си поставите граници. Нека ви биде правило навечер пред спиење само да се релаксирате. Всушност, користењето технологија пред спиење има негативно влијание на квалитетот и квантитетот на сонот. Кога не сте наспани, потешко се справувате со стресот.
2. Направете си утринска рутина
Вашиот утрински ритуал не треба да го вклучува телефонот. Речиси сите луѓе кога ќе се разбудат првото нешто што го прават е проверување на телефонот. Ова не е добар начин да го започнете денот. Поради тоа, направете си утринска рутина. Тоа може да биде кратка медитација, прошетка, кафе со партнерот и слично. Ќе се изненадите колку ќе се зголеми вашата продуктивност штом ќе се чувствувате добро на почетокот на денот.
3. Заблагодарете се за иднината што ја сакате
Размислувајте позитивно за она што го сакате во иднина – кариера, љубовен живот, семејство… и запишете го како веќе да го имате. На овој начин ќе ја промените вашата перспектива. Запишете дека сте благодарни за унапредувањето, за вашата нова работа, за прекрасниот одмор… Ако забележите дека повторно се појавуваат негативни мисли, едноставно претворете ги во позитивни и запишете ги.
4. Дозволете си одвреме-навреме да се чувствувате лошо
Ова можеби звучи спротивно на чистење на умот, но понекогаш кога се обидувате да се расположите а тоа не функционира, се чувствувате уште полошо. Поради тоа во овие моменти дозволете си да ја почувствувате целата негативност додека не помине. Може да ви биде тешко да го направите ова, но штом ќе сфатите дека чувствата доаѓаат и си заминуваат ќе ви биде полесно да го исчистите вашиот ум.
5. Гласно кажувајте позитивни изјави
Одберете некоја моќна изјава и кажете ја на глас за да ја исчистите негативноста од вашиот ум. Најдете место каде што можете да бидете сами. Ако не знаете што да кажете, можете да си го кажете следново: „Ослободен/на сум од сите мисли, чувства и емоции што не ми служат. Не чувствувам притисок и замор. Овие мисли повеќе не се во мојот ум. Полн/а сум со мир, љубов, удобност и енергија. Го контролирам мојот ум и го контролирам мојот живот.“
Пробајте го и овој моќен психолошки метод за ослободување од негативните мисли.