Погледнете кон небото: Овој септември две комети ќе поминат блиску до Земјата
Есенското гледање ѕвезди е традиција за многу луѓе. Ноќите стануваат подолги по летната рамноденица, а кога се намалува влажноста се расчистува и небото. Овој септември на северната хемисфера ќе се појави пар светли комети. Најдобро од сè е што ќе можете да ги набљудувате без големи или скапи телескопи.
Првата комета е наречена 21P/Giacobini-Zinner, односно 21Р. Како и сите комети, и 21Р е направена од мраз, прашина и замрзнати гасови. Купот тврда материја во центарот има должина од само 1,6 километри. Сепак, облакот од гасови и прашина околу центарот има дијаметар од 290.000 километри. Покрај тоа, 21Р не патува сама. Често остава отпад кој можеби ви е познат како метеорскиот дожд Драконоиди.
Дождот се појавува секоја година кога Земјата минува низ отпадот од 21Р. Всушност, кометата прави ротација околу сонцето на секои 6,52 години. Сега 21Р е на пат кон Земјата. Вечерта на 9-ти септември кометата ќе биде само 58 милиони километри оддалечена од Земјата. Секој со подобар двоглед ќе може да ја набљудува доколку небото е чисто, без облаци.
За втората комета позната како 46P/Wirtanen нема да ви потребен ни двоглед. Таа ќе биде видлива кон крајот на септември, но сепак ќе ви треба телескоп или двоглед за да ја забелжите. Ова ќе се смени на 16-ти декември, кога таа ќе биде на растојание од само 11,5 милиони километри од Земјата, па тогаш ќе можете слободно да ја набљудувате и со голо око.
Погледнете и кои се останатите најважни астрономски настани за 2018-та година.