Постојат неколку реакции на кожата кои се појавуваат откако ќе ја изложите на директна сончева светлина. Алергијата на сонце е токму тоа и е многу почеста отколку што мислите. Таа се појавува кај 10% до 15% од луѓето. Постојат неколку симптоми кои се резултат на алергијата од сонце, па ако сте ги забележале и кај вас, можеби е време да се консултирате со доктор.rn
1. Црвенило
rn
rnrnКако и многу други алергиски осипи, и во овој случај настанува црвенило. Ова најчесто се случува на деловите кожа коишто се покриени во текот на зимата, како раце, нозе, гради и врат.rn
2. Чешање, печење или болка
rn
rnrnРазни луѓе различно ја искусуваат алергијата од сонце. Некои изјавиле дека толку многу ги чешала кожата што се буделе сред ноќ. Исто честа појава е и печењето или болката под кожата.rn
3. Мали израстоци на кожата
rn
rnrnАлергијата од сонце најчесто се манифестира во форма на мали бели или светли израстоци кои се густо распоредени. Исто се појавува и црвенило кое е малку отечено.rn
4. Лупење на кожата или крвавење
rn
rnrnПосилната реакција може да резултира со толку сува кожа што ќе почне да се лупи. Понекогаш ситуацијата може многу да се влоши и да дојде до крвавење.rn
5. Меури
rn
rnrnКај некои осипот е во форма на меури. Алергијата на сонце не е всушност алергија, туку реакција на сончева светлина, но го добила името токму поради појавата на меурите.rn
6. Осип што наликува на убод
rn
rnrnПоследната реакција што може да се појави од сонцето наликува на убод од инсект. Бидејќи понекогаш станува збор само за убод, најдобро е да го посетите вашиот лекар.rnrnНа следната страница прочитајте и кога се појавуваат овие симптоми…rnrn
