КАФЕ ПАУЗА

Тест на личноста: Која од овие планини би сакале да ја искачите?

Одвојте момент и погледнете ги овие неверојатни планински пејзажи, па размислете на која од нив би сакале да се искачувате и да истражувате. Пробајте да се замислите како шетате на некое од овие места, како се искачувате и како газите по тревата, впивајќи го секој неверојатен поглед околу вас. Па, кое место ве повикува? Одговорот може да ја открие вистинската сила на вашата душа!rnrnrn

Планина А

rnВие копнеете за зголемување на вашата слава. Вашата душа е едноставно уморна од досадата и вообичаените секојдневија, а животот има многу нешта што може да ги понуди и вие го знаете тоа некаде длабоко во срцето. Токму затоа и сакате да бидете слободни, но тоа што не го знаете е дека слободата што ја барате е веќе во вас.rnrnЗамислете дека седите на врвот на оваа прекрасна планина и сами сте со вашиот внатрешен глас. Тргнете ги настрана сите пречки и дозволете си да сонувате. Кои мисли ви паѓаат на ум? Што прави вашето срцебиење да се зголеми? Можеби и одеднаш посакувате да направите нешто, да се поврзете со некого? Насочете се кон таа мисла!rnrnrn

Планина Б

rnДобредојдовте во земјата на соништата. Вие одбравте да прошетате по митскиот планински ланец каде што живеат диви еднорози и сите имаат магична способност да прават сè што ќе посакаат. Животот без надеж и магија е многу тажен, па затоа и вашата душа е привлечена токму од овој простор. Понекогаш треба да се оттргнете малку од реалноста за да напредувате.rnrnЕдноставно дозволете ѝ на вашата душа да скита, да се инспирира, да се оттргне од сите оние нешта што секојдневно ѝ натежнуваат. Тоа е единствниот начин да го живеете животот што навистина ви е потребен, животот што ќе биде магичен за вас.rnrnrn

Планина В

rnМал број луѓе ќе се обидат да го истражат овој неверојатен планински пејзаж. Најчесто луѓето што ја одбираат оваа слика се уникатни, длабоки и безрезервно храбри личности со моќен авантуристички и љубопитен дух. Па, ако го читате сега ова, сметајте се за среќни, бидејќи спаѓате во посебно малцинство.rnrnВие сте храбри. Имате лавјо срце! Но, понекогаш треба некој да ве потсетите, бидејќи успевате да го заборавите овој факт. Без оглед на какви тешкотии наидувате во животот, вие наоѓате начин како секое искуство да го претворите во нешто значајно. Вашиот живот е воден од виша сила, со цел да ви помогне да ја пронајдете својата смисла во хаотичен свет.rnrnrn

Планина Д

rnВие ја одбравте планината на мирот и тишината. Можеби на овој начин несвесно си признавате дека треба да забавите, и да најдете малку време за себе. Време за да се посветите исклучиво на своите потреби и желби и одново да воспоставите комуникација со затскриените, заборавени делови од себе.rnrnИли можеби веќе го правите тоа? Ако е така, тоа е знак дека вашите напори се исплатат, бидејќи вие веќе се развивате и растете. Ова може да потрае, но не грижете се. Како што можете да видите на оваа слика, ништо не треба да се брза. Вашиот развој е безвремен, и ќе се движи со она темпо што на вашата душа најмногу ѝ одговара.rnrn