Некои хороскопски знаци се будат со изгрејсонцето, а други се ноќни птици кои најдобро функционираат во доцните часови. Дали сте личност која сака да се буди рано, или пак не можете да го поднесете звукот на вашиот аларм?
Без разлика каде спаѓате, секој хороскопски знак си има омилен начин за поминување на утрото. И без разлика дали се будите рано или останувате во кревет што е можно подолго, вашите утрински навики најмногу зависат од тоа кога си легнувате навечер. Па, дознајте кое е најдоброто време за спиење за вас според вашиот хороскопски знак.rn
Овен: 21:00 часот
rnОвните би требало да си легнат најдоцна до 21 часот. Нивниот ден е неверојатно зафатен и секогаш имаат многу активности. Поради ова за нив е важен секој час спиење што можат да го добијат. За да бидат навистина одморени потребно е да си легнуваат порано.rn
Бик: 22:00 часот
rnБиковите ги сакаат утрата. Сакаат да џогираат наутро и да имаат време да уживаат во утринското кафе. За нив ова е најдобриот дел од денот за завршување на обврските. Поради ова потребен им е вистински одмор за да имаат енергија. Најдобро е да си легнат до 22 часот бидејќи не само што ќе се наспијат доволно, туку нема да треба да жртвуваат многу од ноќниот живот.rn
Близнаци: 23:00 часот
rnБлизнаците имаат лоша навика да остануваат будни до многу доцна. Понекогаш имаат толку многу мисли што не можат воопшто да заспијат. Но сепак тие сакаат да се будат порано и се обидуваат да си легнат во „нормално“ време. Најдобро е да си легнат до 23 часот за да имаат време да завршат некои обврски навечер, но и да не бидат мизерни наутро.rn
Рак: 22:30 часот
rnРаковите сакаат да стануваат рано, но настојуваат да си легнуваат доцна. Совршеното време за легнување за овие луѓе е околу 22:30 часот. Можеби им е тешко да се разбудат пред 11 часот, но веднаш ги чувствуваат придобивките од квалитетниот сон. Потребно е да ја чуваат нивната енергија за да бидат опуштени во текот на денот.rn
Лав: 00:00 часот
rnЛавовите не можат да си легнуваат рано бидејќи имаат премногу обврски навечер. Тие сакаат да разговараат до доцна со пријателите или да гледаат некоја серија или филм. Никогаш не се подготвени за утрото, без разлика колку часови спиеле.rn
Девица: 20:00 часот
rnДевиците секогаш планираат однапред. За да извлечат најмногу од претстојниот ден потребно е да се разбудат навистина рано, па најдобро е да си легнат до 20 часот. Иако е навистина рано, Девиците имаат потреба да бидат во најдобра форма наутро за да ги завршат најважните обврски.rn
Вага: 00:00 часот
rnВагите не се утрински личности. Секогаш се намуртени наутро и остануваат во кревет што е можно подолго. Тие сакаат да се релаксираат долго по напорниот ден. Па, најдобро време за легнување е на полноќ.rn
Скорпија: 1:00 часот
rnСкорпиите се вистински ноќни птици. Тие сакаат да остануваат будни до доцна читајќи или гледајќи нешто и не сакаат да испуштат ништо без разлика колку е доцна. Ги мразат утрата и обично се будат изморени. Овие луѓе најдобро функционираат навечер, па затоа најдобро е да си легнуваат во 1 часот по полноќ.rn
Стрелец: 2:00 часот
rnИ Стрелците се ноќни птици. Најпродуктивни се сред ноќ и имаат најмногу енергија кога можат да спијат до пладне. Тешко им е да заспијат бидејќи имаат толку многу нешта што сакаат да ги направат во текот на денот.rn
Јарец: 22:00 часот
rnЈарците сакаат да бидат одговорни. Никогаш не ги одолговлекуваат должностите. За да го извлечат најдоброто од денот сакаат да се будат навистина рано. Поради ова им е потребен добар одмор. Најдобро е да си легнуваат до 22:00 часот. Ова не е премногу рано, не е премногу доцна, а имаат време и добро да се наспијат.rn
Водолија: 00:00 часот
rnВодолиите сакаат да остануваат будни до доцна бидејќи според нив тоа е најмирниот дел од денот. Тие сакаат да читаат и да пишуваат до доцна во ноќта. Обично си легнуваат околу полноќ но не затоа што се излезени. Најчесто причината е што се чувствуваат навистина удобно во нивниот дом.rn
Риби: 23:00 часот
rnРибите воопшто не се утрински личности. Нивниот кревет им е омиленото место и мразат да го напуштат. Но исто така сакаат да си легнуваат рано и да спијат што е можно повеќе. Воглавно, тие го сакаат спиењето.
Дали знаете што му е смешно на секој хороскопски знак?

