5 неверојатни факти со коишто можете да започнете интересен разговор

5 неверојатни факти со коишто можете да започнете интересен разговор

Дали сакате да имате интересни и длабоки разговори? Можеби сте во фаза од вашиот живот каде што прашувате за сè околу вас и барате некакво значење или цел. Можеби сакате да размислувате длабоко и да ги споделувате тие мисли со другите. А можеби пак, само барате забава.

5 неверојатни факти со коишто можете да започнете интересен разговор

Како и да е, постојат многу интересни факти и информации кои можат да водат до неверојатни разговори со оние околу вас. Овие интересни факти можете да ги спомнете следниот пат кога ќе сакате да запознаете некого или ќе сакате да направите интересен разговор.

1. Имаме повеќе од 5 сетила

Идејата дека имаме само 5 сетила е навистина стара. Веќе некое време знаеме дека луѓето имаат и други сетила:

  • Сетило за рамнотежа
  • Сетило за температура
  • Сетило за болка
  • Многу внатрешни сетила, како на пример чувство за глад

Кои се другите сетила за кои сè уште не сме свесни? Само што почнавме да учиме за моќта и функцијата на свеста, па можно е да откриеме уште многу сетила поврзани со нашата способност за размислување и поврзување со свесната материја.

2. Во 1965-та година, сенатот предвидел дека до 2000-та година Американците ќе работат само 20 часа неделно

Зошто сме овде? Која е нашата цел? И зошто работиме толку напорно? Што се обидуваме да постигнеме и зошто изгледа како никогаш да не го постигнуваме ова?

На почетокот ова не изгледа како добар почеток за длабок разговор, но ако подобро размислите, ќе сфатите дека имате одлична дискусија за нашата цел и за тоа како треба да го минуваме животот.

3. Ако некоја интелигентна раса оддалечена 65 милиони светлосни години погледне кон Земјата со телескоп, ќе види диносауруси

Можеме да го видиме универзумот врз основа на конечната брзина на светлината. Со други зборови, она што го гледаме сега е врз основа на светлина која стигнала до нас од некоја точка во универзумот. Ако таа точка е оддалечена 10 милијарди светлосни години од нас, ние гледаме како изгледала пред 10 милијарди години. Кога ќе размислите, гледаме разни моменти од историјата кога погледнуваме кон небото. Дури и на светлината од сонцето ѝ се потребни 8 минути да стигне до Земјата. Тоа значи дека ако денес го погледнете сонцето, вие всушност гледате како изгледало пред 8 минути. Навистина неверојатно, зарем не?

4. Материјата не може да се создаде или уништи, па на некој начин ние сме стари колку и универзумот

Се сеќавате на физика од средно? Изгледа ова е навистина значаен факт за кој можете многу да размислувате. Ние сме направени од материјата од ѕвезди оддалечени милијарди светлосни години, а сите тие ѕвезди се древни. Можеби нашата човечка форма е стара 20, 30, 40 години, но секоја честичка што ја содржи нашето тело, од кожата до коските, постои во универзумот веќе милијарди години.

5. Можеме да видиме многу мал дел од познатиот универзум и речиси не знаеме што се наоѓа подалеку од тоа

Имаме многу груби мапи од универзумот, но нашата способност да видиме одреден сончев систем со планети се протега од Земјата до многу мал дел од универзумот. Всушност постојат делови кои е невозможно да ги видиме и се оддалечени над 60 милијарди светлосни години. Сè што е подалеку од оваа точка ни е целосно непознато и можеби ќе остане така засекогаш. Нема никаков начин да дознаеме што се наоѓа понатаму.

Прочитајте ги и овие неверојатни факти за светот што ќе ги изненадат сите.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар