Дали некогаш сте помислиле да комбинирате тексас здолниште или комбинезон за време на есенските денови, но сте се спречиле бидејќи тоа едноставно не било во „тренд“? Ако одговорот е позитивен, со задоволство ве известуваме дека во текот на првите поладни денови ќе се носат токму овие комбинации. Заборавете на размислувањето и двоумењето и слободно наполнете го вашиот шкаф со многу тексас парчиња облека.rn
Асиметрично здолниште
rnНајдоброто нешто кај овој модел е што можете и самите да го направите од стари фармерки. Ако сметате дека не сте доволно вешти, или пак, немате фармерки што би ги исекле, можете да го најдете ова здолниште во скоро секој бутик.rn
Фармерки позајмени од момчето
rnСлободно побарајте му ги сите оние фармерки што веќе не ги носи, однесете ги на мала поправка на шивачка (стеснување кај каишот) и ќе ги добиете сè попопуларните „boyfriend jeans“ со коишто ќе владеете на социјалните мрежи како Инстаграм.rn
Бохо тексас здолниште
rnДоколку не сакате да имате едноставно или класично тексас здолниште, тогаш слободно збогатете ги оние модели што веќе ги имате во шкафот со интересни мотиви и ќе добиете уникатно парче облека што оди на секоја комбинација.rn
Тексас комбинезон
rnПрактично, привлечно, модерно и задолжително за првите есенски денови!
Дознајте и која е најпопуларната боја за коса за есен 2018 година.

