4 неодоливи летни фустани инспирирани од славните ѕвезди со стил

Сподели

Фустаните се неизбежен дел од шкафот на секоја жена и најдобриот избор за разладување во текот на летните денови. Освен тоа што не морате да го осмислувате целиот изглед, тие се и финансиски попристапни од комбинирање здолниште и блуза или панталони и маичка. Па, ако сакате да се инспирирате од одличниот стил на следниве неколку ѕвезди, продолжете со читање!rn

Реклама

1. Лесен фустан до колена

rnЦветните мотиви, пастелните и лесните материјали се заштитен знак за овогодишниот тренд на фустаните. Краткиот летен фустан овој пат е „продолжен“ до колена, давајќи дополнителна доза женственост.rn

2. Долг фустан на копчиња

rnДолгиот темен фустан на копчиња е одлична идеја за излегување во попладневните, но и вечерните часови. Спортско-елегантниот фустан е идеален за прошетка, но исто така и за журка. Совршено ги нагласува женските атрибути и дава шик изглед.rn

3. Фустан на едно рамо

rnИма ли нешто посекси од жена што ги покажува рамената? Фустанот на едното рамо е одличен избор за дамите што би сакале да заведуваат ова лето. Дали ќе изберете краток или долг модел, останува на вас.rn

4. Долг фустан до под

rnОвој фустан дава неверојатна слобода при движењето, затоа што не ја ограничува жената ни во одењето, ниту пак ја стега кај струкот. Затоа и овој модел изгледа неверојатно на сите жени со сите градби и големини.

Најново

Може ќе ве интересира