КАФЕ ПАУЗА

10-те најжешки влогерки (и влогери) за убавина со кои секоја трендсетерка е опседната

Влогерките и влогерите за убавина се еден од најлесните и најбрзите начини да научите различни трикови за шминкање, да дознаете кои продукти вредат да се купат, како и да гледате забавни предизвици кои ќе ви го направат денот подобар. Во продолжение следуваат најпознатите, како и најубавите во оваа индустрија што без сомнение и вие би сакале да ги заследите!rnrnrn

1. Фара Дукаи

rnОваа влогерка се проби преку Инстаграм. Таа е најпозната преку 15-секундните видеа за шминкање со која ги освојува сите нетрпеливи девојки. Фара исто така споделува голем број мејкап совети и трикови, како и начини на кои можете да се грижите за вашата кожа со домашно подготвени рецепти.rnrnhttps://www.youtube.com/watch?v=d0Qa_2RGHP0rn

2. Мени Муа

rnКако што сигурно веќе знаете, постојат голем број момци што брзо се пробиваат во оваа индустрија и Мени е еден од нив! Тој е навистина талентиран кога станува збор за нанесување сенка за очи, и навистина знае како да го пренесе своето знаење.rnrnhttps://www.youtube.com/watch?v=bMCurlU8DUsrn

3. Ники Туторијалс

rnАко го помните видеото „Power of Makeup“, тогаш сигурно веќе ја знаете Ники, како и нејзиниот неверојатен талент. Оваа девојка едноставно не може да згреши кога станува збор за шминка. Таа неодамна дури направи и видео користејќи детска шминка и крајниот резултат беше едноставно беспрекорен.rnrnhttps://www.youtube.com/watch?v=LqQvDvQ-LK8rn

4. Никита Драгн

rnАко не сте имале можност да ја погледнете оваа девојка, тогаш не знаете што пропуштате. Таа објавува многу мејкап туторијали, а најпозната е по оние како да направите вашите усни да изгледаат поголема. Исто така често одговара на прашања од нејзините гледачи и отворено зборува за нејзината транзиција и искуствата со пластична операција.rnrnhttps://www.youtube.com/watch?v=_IUxfxcO9uErn

5. Криспи

rnКриспи е неверојатна кога станува за шминка, како и вистински мастер за трансформација во карактери како Пикачу или Дори. И покрај тоа што нејзиниот талент за драматични трансформации е неверојатен, таа исто така е и одлична за сите оние што се почетници во светот на шминката.rnrnhttps://www.youtube.com/watch?v=d4gCfPgLvZArn

6. Тени Панозиан

rnТени е уште еден фантастичен ресурс за едноставен изглед што можете да го направите за на училиште, за на работа, па дури и за посебни прилики. Можеби нема да најдете луди трансформации на нејзиниот канал, но токму тоа ја издвојува од останатите и ја прави уникатна. Сите нејзини видеа се за тренди, но класичен изглед.rnrnhttps://www.youtube.com/watch?v=I104Fof_Kworn

7. Џефри Стар

rnЏефри дефинитивно не е личност што бега од силните, разновидни бои. Тој исто така е и еден од најдобрите кога станува збор за забавни коментари во текот на туторијалите. Шала на страна, тој ќе ви помогне да излезете од вашата удобна зона и да бидете похрабри при градење на својот изглед.rnrnhttps://www.youtube.com/watch?v=Jp8N14rinb4rn

8. Кошал Бјути

rnВие едноставно ќе ја обожавате оваа девојка. Нејзините туторијали се лесни за следење, и таа дава навистина детално објаснување за сите продукти што ги користи. Исто така создава едноставни, но совршени предлози за шминка кои зрачат со чик гламур.rnrnhttps://www.youtube.com/watch?time_continue=17&v=oKQbHNR6YtQrn

9. Шејла

rnОвој канал е токму тоа што ви недостасуваше во животот. Мејкап техниките на Шејла се беспрекорни и неверојатни. Таа создава микс од различни видови изгледи, започнувајќи од драматични храбри усни, до исончан тен. Исто така, таа има едни од најдобрите осврти на мејкап продукти.rnrnhttps://www.youtube.com/watch?time_continue=13&v=UPqO7IWxqE8rn

10. Кристен Лиен

rnКристен без сомнение има сопствен, уникатен стил. Тоа што сите го сакаат кај неа е и фактот што постојано се бори против компаниите за убавина што тестираат на животни, и користи само шминка што не вклучува никакво насилство при тестирање. Исто така, ако сте расположени за храбри мејкап трендови, нејзиниот канал треба да ви биде прв на листата.rnrnhttps://www.youtube.com/watch?time_continue=22&v=EA8thNKSvgU