Во денешниот брз, модерен начин на живот, многумина од нас забораваат на себе и на своето ментално здравје. Ние самите се ставаме на дното од листата со приоритети, целосно игнорирајќи ги нашите потреби и желби. На долг рок, ова има огромно влијание на нашата психолошка добросостојба. Па, стануваме нервозни и нетрпеливи, не можеме да се фокусираме на работата, правиме грешки, не спиеме… Овие проблеми водат до нарушувања во сите аспекти од нашиот живот.rnrnЗа среќа, постои многу едноставен начин како би можеле да си помогнеме. Одговорот е психотерапија. Токму затоа и поразговаравме со Ирина Николовска, психолог и интегративен и Гешталт советник. Таа детално ни го објасни целиот процес околу психотерапијата, но исто така нè потсети и на важноста на грижата за менталното здравје. Прочитајте во продолжение…rnrn
rn
1. Зошто баш психологија и психотерапија? Што беше тоа што те насочи кон оваа професија?
rnЉубопитството кон човековиот ум и воопшто функционирањето на една личност… Една од предностите на психологијата е што проучува и соединува многу аспекти на човековото живеење (емоционални процеси, когнитивни процеси, однесување, односи и релации со други луѓе, и многу други). Имав можност од рана возраст да бидам опкружена со литература на овие теми, и љубопитството понатаму само се развиваше. Во потесните области во психологијата, најмногу се посветив на едукација и пракса во областа на личен развој, советување и психотерапија. Едноставно најголем фидбек и развој чувствував тука во текот на едукацијата и работењето.rn
2. Како се прифаќа психотерапијата во Македонија? Дали сè уште е табу тема и се верува дека само „лудите“ бараат помош од психотерапевти или пак, нештата полека се менуваат?
rnНе сум запознаена за постоење истражувања кај нас што ги испитуваат ставовите на граѓаните во однос на пристапување кон психотерапијата како услуга. Она што можам да го кажам од своето лично искуство и допир со оваа тема, е дека, кај нас, сè уште не ѝ пристапуваме на психотерапијата како третман (некогаш дури ни како опција) на ниво како кога бараме услуга за потреби и проблеми од други животни аспекти, било здравствени или секојдневни. Секако, за да се бара некоја услуга или решение, потребно е прво да се препознае потребата или проблемот.rnrnИако голем број луѓе се свесни дека психичкото функционирање е значајно поврзано со квалитетот на живеењето, сепак, барањето помош од психолог е отежнато поради предрасудите, незнаењата и стигмата во однос на менталното здравје. Од друга страна, барањето помош е знак за постоење на свесност, храброст и зрелост кај една личност.rnrnЗа посуштински промени околу подигнувањето на свесноста за менталното здравје и психичката добросостојба, потребно е и системски да се реагира, да се вршат кампањи, едукации и да се воведе темата уште во раното образование и воспитание. Вакви иницијативи во последно време се појавуваат сè почесто и го поздравувам секој чекор за ширење на свесноста за оваа тема и информирање и едуцирање на јавноста.rn
3. Кога една личност треба да побара помош од психотерапевт? И колку психотерапевтите се разликуваат од психолозите и психијатарите, односно како да знаеме кој е најдобриот избор за нас?
rnНајпрво накратко објаснување за дистинкцијата на професионалните дејности, со цел да се изврши соодветен избор за консултирање на професионалец:rnrnПсихолог е лице кое се занимава со проучување и примена на знаењата за когнитивните процеси, емотивните процеси и однесувањето на човекот, интеракцијата на луѓето и нивната интеракција со средината, како и металните нормални и абнормални состојби поврзани со нив. Во психологијата постојат бројни потесни области на изучување и пракса каде што психолозите истражуваат, практицираат и нудат услуги.rnrnПсихијатар е доктор кој по завршен факултет за општа медицина потоа специјализирал психијатрија – област која се занимава со дијагностика, превенција и третман на ментални болести. За разлика од психологот, психијатарот е обучен да задава според потребите на пациентот и медикаменти во третманот на менталните болести и симптоми.rnrnПсихотерапевт пак, е лице кое е обучено да применува докажани знаења, интервенции, методи и техники со цел унапредување на психолошката добросостојба и менталното здравје, постигнување промени во однесувањето, надминување на проблеми, постигнување подобар квалитет на живеење и искористување на личните потенцијали. Психотерапевт може да биде и психолог и психијатар, бидејќи тоа е долгогодишна едукација која е надвор од формалното високо образование.rnrnОвие три професии се различни, но забуната се случува онаму каде што професионалните профили се испреплетуваат и надополнуваат. На пример, не постои дијагностика на душевни болести без промена на клинички тестови од страна на психолог, ниту пак дијагностиката може да се изврши или да се зададат медикаменти без учество на психијатарот. Се работи во тим. Исто така, во некои состојби, само фармакотерапијата не е доволна, иако потребна, па се препорачува и психотерапија. Но, во многу други области психологијата, психотерапијата и психијатријата се далеку од истоветни.rnrnВо однос на прашањето кога е соодветно да побараме помош од терапевт, психотерапија може да побара секоја личност која чувствува психички дискомфорт и емотивна болка која влијае врз нејзиното секојдневие, состојба и расположение. Личноста може да минува низ криза или одредени ситуации да ѝ ги надминуваат капацитетите за функционално справување; да се соочува со проблем на зависност, загуба, невротски состојби, траума итн. Од друга страна пак, се препорачува и за лица кои сакаат подобро да се осознаат себеси, да работат на својата самоактуелизација и да го извлечат максимумот од своите потенцијали, задоволството и квалитетот на живеењето.rn
4. Што можат да очекуваат оние што никогаш не посетиле психотерапевт од првата терапија? И какви прашања треба тие да му постават на терапевтот за да се чувствуваат поудобно во целиот процес?
rnПонекогаш клиентите имаат очекувања дека за да решат одреден проблем или болка, сè што е потребно е да посетат психолог, да поразговараат и да најдат готово решение. Доколку тоа не се случи на првата сеанса, се разочаруваат и се решаваат да не продолжат со третманот. Сепак, терапијата е процес кој не се случува преку ноќ, како и за многу други промени во други животни области.rnrnПрвата средба е само иницијална каде се случува запознавање на клиентот со терапевтот и неговиот начин на работа, запознавање на терапевтот со клиентот, неговиот проблем, динамика и потенцијали, и воспоставување меѓусебна согласност за начинот на работа и постепеното воведување промени, како што ќе се гради и нивната релација. Клиентот може да му поставува прашања на терапевтот за природата на процесот и терапијата, за неговата професионална позадина, обука и лиценцираност, како и за нивната меѓусебна релација, довербата, како се чувствуваат во тој однос и да искомуницираат доколку можеби наидуваат на некакви отпори.rn
5. Знаеме дека секој човек е уникатен, и дека секому му е потребно различно нешто за да ја прошири својата свесност и да дојде до потребното сознание. Но, можеш ли да се обидеш отприлика да ни објасниш како се одвива една стандардна сесија?
rnНа почетокот на терапискиот процес, терапевтот го објаснува терапискиот процес и природата на услугата која клиентот ја добива, се разгледуваат причините поради кои клиентот бара помош, се дискутираат очекувањата кои ги има клиентот, кои се посакуваните промени и се преземаат одредени чекори според докажани методи, техники и интервенции, во зависност од тераписката школа на терапевтот.rnrnОд страна на терапевтот ќе бидете поттикнувани да споделите што ви се случува во животот, за што размислувате, дали нешто ве вознемирува, а притоа, ќе бидете ислушани, некритизирани и неосудувани за она што го изнесувате. Секоја сесија, во суштина, претставува преземање чекори за решавање проблем, тешкотија или постигнување посакувана промена.rnrnВообичаено една сесија трае околу еден час, до час и половина. Содржината на самата сеанса, секако, е индивидуална и е во зависност од подготвеноста на клиентот, природата на проблемот или потребата. Целта не мора секогаш да биде постигнување одредена конкретна и сложена промена, или решавање проблеми, понекогаш клиентот има потреба од споделување на внатрешните содржини и поддршка од професионалец.rnrnПрочитајте го и вториот дел од нашиот разговор на следната страница…rn
