КАФЕ ПАУЗА

7 едноставни, но ефективни психолошки трикови препорачани од психотерапевтите

7 едноставни но ефективни психолошки трикови препорачани од терапевтите

Written by

in

,

Понекогаш изгледа речиси невозможно да се справите со сè што ви се случува во животот. Но психологијата има безброј трикови кои можат да ви помогнат и да ви го олеснат животот. Всушност, со развитокот на позитивната психологија во изминативе две децении, психологијата може да ни помогне да го живееме најдобриот живот. Ова се триковите коишто ќе ви го олеснат животот, а ги препорачуваат речиси сите психотерапевти.rnrn7 едноставни но ефективни психолошки трикови препорачани од терапевтитеrn

1. Зборувајте за да се справите со силните емоции

rnЕмоциите како гневот можат да бидат толку силни што изгледа како да преземаат контрола над вашиот живот. Но ако ја промените насоката на мислите од она што го чувствувате во моментот кон делот за размислување од мозокот, можете да ги намалите ефектите на силните емоции и подобро да се справите со нив. Па ако чувствувате некоја силна емоција, едноставно кажете нешто како „Чувствувам гнев“. На овој начин ќе го идентификувате гневот на неличен начин и ќе го тргнете фокусот од него.rn

2. Коцка мраз за справување со анксиозност

rnКога чувствувате анксиозност можете да го промените фокусот од изворот на паниката кон нешто физичко за да си ја вратите контролата. На пример, земете коцка мраз. Студот што ќе го почувствувате ќе ви го одвлече вниманието, па ќе ви биде потешко да се фокусирате на анксиозноста. Истото можете да го направите и со нешто топло. Кога ќе се оддалечите од анксиозноста за миг, ќе ви биде полесно да ја контролирате.rn

3. Прошетка против анксиозност

rnКратката 5-минутна прошетка околу соседството може да ви ја врати способноста за фокусирање. Ако не можете да излезете надвор поради која било причина, едноставно прошетајте низ домот или канцеларијата.rn

4. Пишување

rnАко не сте пробале, не потценувајте ја моќта на пишувањето како терапевтска алатка. Без разлика што чувствувате, одвојте неколку минути за да го запишете тоа, како и исходот од моменталната ситуација. Најважно е да обрнете внимание дали исходот е навистина она што го замислувате. Подоцна прочитајте го напишаното за да добиете појасна слика за реалноста наспроти вашата перцепција. Кога редовно ќе го правите ова полесно ќе ја наоѓате разликата помеѓу ирационалните мисли и реалниот свет.rn

5. Дишење за фокус

rnИзминатава деценија свесноста стана една од најкористените алатки. Таа ви помага да ја подобрите отпорноста и може да ви помогне во борбата со депресијата и анксиозноста. Исто така ќе ви помогне да го подобрите фокусот и расположението. Свесноста не е недостижен метод за медитација за кој се потребни часови или денови за да ја научите. Доволно ви е само една минута за да ја совладате. Со тоа што ќе бидете свесни за вашето дишење дури и на неколку секунди, ќе го подобрите вашиот фокус и ќе ги исчистите мислите.rn

6. Набројте 5 нешта за да се смирите

rnАко се чувствувате немирно, набројте 5 нешта што ги гледате, 4 нешта што ги чувствувате, 3 нешта што можете да ги слушнете, 2 нешта што можете да ги помирисате и едно нешто што можете да го вкусите. Оваа вежба ќе ви помогне да излезете од вашата глава, да се приземјите и да се вратите во сегашниот момент.rn

7. Џвакајте гума за џвакање за да се смирите

rnАко се чувствувате нервозно или напнато, гумата за џвакање може да ви биде од помош. Со џвакањето му давате знак на мозокот дека ви е удобно. Наместо да паничите, вашиот мозок ќе се смири бидејќи правите нешто друго – џвакате гума за џвакање. Не можете да бидете нервозни или загрижени бидејќи во тој случај не би џвакале.rnrnПогледнете ги и психолошките трикови за поголема самодоверба.