Овој пат не е важен моделот, туку бојата. И како и многупати досега, така и овој пат сестрите Хадид се виновни за раѓањето на новиот тренд. Станува збор за костим за капење со неутрална боја, односно со боја во нијансите на кожата. Овој тренд брзо се шири низ социјалните мрежи затоа што нијансите совршено се вклопуваат со исончаниот тен, правејќи ве многу посексапилни.rnrn
rnrnОвие костими за капење ќе им стојат одлично на сите девојки, бидејќи телото изгледа како да е голо, притоа нагласувајќи ги најдобрите страни. Покрај класичната неутрална боја која е мешавина од крем и светло розови нијанси, можете да одберете и потемен тон, доколку сакате да го издвоите материјалот од вашата кожа.rnrn
rnrnКако ви изгледаат овие нијанси за костими за капење? Дали би го пробале овој тренд летово или би се задржале на класичните силни бои за плажа?rnrn
rnrnОвој неутрален тренд не владее само со костимите за капење. Погледнете ги и овие 10 „голи“ фустани кои прават секоја девојка да се чувствува како принцеза!
Нов летен тренд: Костимите за капење во неутрална боја завладуваат со Инстаграм
