Да се чувствувате помладо е добар знак за вашето здравје

Да се чувствувате помладо е добар знак за вашето здравје

Лесно е да заглавите во мислите за тоа дали сте онаму каде што треба да бидете на ваша возраст. Сигурно и вие како и многумина сте мислеле дека во 20-тите ќе имате стабилна кариера, семејство и ваш дом. Но нештата ретко одат по планот и можеби веќе сте во 20-тите, но уште се чувствувате како дете.

Да се чувствувате помладо е добар знак за вашето здравје

Сепак, изгледа дека ова е добро нешто. Едно ново истражување покажало дека да се чувствувате помладо отколку што сте значи дека имате поздрав мозок. Во истражувањето учествувале група возрасни постари од 59 години кои требало да изјават дали се чувствуваат помладо отколку што се. Ова себеопишување коешто истражувачите го нарекле „субјективна возраст“ може да даде увид за психичкото здравје на личноста. Со други зборови, ако се чувствувате млади, голема е веројатноста вашиот мозок да покаже помалку проблеми поврзани со возраста, како на пример деменција.

„Ако некој се чувствува постаро отколку што навистина е, ова можеби е знак дека е време да размисли за неговиот животен стил, навики и активности кои влијаат на стареењето на мозокот и да преземе мерки за подобра грижа на здравјето на мозокот“, изјавила доктор Џинјунг Чеј, една од истражувачите.

Таа нагласила дека колку старо се чувствува личноста може да влијае на нејзината активност, а ова пак има влијание на целокупното здравје.

Иако овие наоди покажуваат колку се важни вашите мисли за вашето здравје, можете да го подобрите здравјето и со правилна исхрана. Можете почесто да консумирате храна која го храни вашиот мозок.

Лесно е да ги внесете свежите или замрзнатите бобинки во вашиот оброк, а покрај тоа имаат и неверојатен вкус. Ова летно овошје е најдобрата храна за вашиот мозок. Тие се богати со антиоксиданси кои ја одржуваат вашата меморија со текот на годините.

Исто така зелениот зеленчук е одличен за подобрување на функцијата на мозокот. Едно истражување покажало дека зелениот лиснат зеленчук го намалува ризикот од когнитивни проблеми.

Во оваа група храна спаѓа и рибата. За нормална функција на невроните на мозокот му е потребна ДХА, омега 3 масна киселина која се наоѓа во речиси сите видови риба. Се докажало дека и пиењето алкохол во умерени количини порано во животот може да ве заштити од деменција во староста.

Дознајте и зошто на вашиот мозок му е потребно секојдневно читање.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар