Излечете го организмот со терапевтско гладување

Излечете го организмот со терапевтско гладување

Многу луѓе јадат нездрава и брза храна само за да го задоволат чувството на глад. Стресот и многуте обврски дополнително го оптоваруваат човековиот организам и тој има недостаток од главните хранливи состојки.

Излечете го организмот со терапевтско гладување

Еден начин да го промените ова е со помош на терапевтско гладување, односно постење. Со овој пост потребно е да внесувате многу чиста вода и да си овозможите физички и емоционален одмор. На овој начин ќе му помогнете на телото да закрепне, да се исчисти и брзо да си го врати оптималното здравје.

Важно е да бидете под стручен надзор додека постите, особено ако го правите тоа на подолг временски период. Кога постот ќе се изведе правилно, ќе добиете одлични резултати, а вашето здравје значително ќе се подобри.

Она што треба да го знаете е дека прекинувањето на храната за неколку денови додека сè уште работите, вежбате и се грижите не е терапевтско гладување. Стресното опкружување не му дозволува на телото да закрепне. За да го извлечете максимумот од овој пост, неопходен е целосен мир.

Ова ќе ви помогне со симптомите настанати од акутните или хроничните заболувања. Гладувањето му дава можност на телото да се исчисти од органските нечистотии и да ги отстрани несаканите ткива. Исто така постењето може да ве подмлади и ментално и физички. Откако ќе се отстрани наталожениот отпад, телото се враќа во својата здрава состојба.

Најголем проблем се стравот и незнаењето кои ги тераат многу пациенти да мислат дека ќе останат гладни. Се разбира, постот не треба да го почнувате без согласност од лекар. Пред да почнете со овој третман потребно е да направите разни тестови кои ќе покажат дека сте погодни за постењето. Траењето на постот не е исто за сите. На некои им е потребен пократок, а на некои подолг период. Најчесто зависи од физичката и менталната состојба на личноста, како и на нејзините болести. Постот може да трае една недела, но може да трае и цел месец.

Уште една предност на оваа терапија е губењето на масните наслаги. Прекинувањето на постот зависи од разни фактори, вклучувајќи историја на болести, резултати од редовните прегледи, како и вашата психофизичка состојба. Како и да е, постот не треба да се прекинува нагло. Повеќето постови се завршуваат со свежи овошје и зеленчук или свежи сокови.

Без разлика што постот завршил и телото е во подобра состојба, потребно е и после тоа да бидете свесни за вашата исхрана и за вашиот животен стил. За телото да продолжи да функционира правилно потребно е да консумирате здрава и свежа храна. Само на овој начин ќе го задржите вашето здравје и ќе се чувствувате подобро.

Дознајте и што му прави 3-дневниот пост на човечкото тело.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар