Сексуална астролошка компатибилност: Овен и Бик

Сексуална астролошка компатибилност: Овен и Бик

Овенот има силни физички карактеристики. Многу спортски ѕвезди и познати личности се Овни во хороскоп. Затоа и тие немаат потреба од „огномет“ во креветот бидејќи самите го осветлуваат ноќното небо. Од друга страна пак, Бикот е емоционален и нежен, правејќи го прекрасен партнер. Токму Биковите се оние што иницираат романса и ги смируваат брзите тенденции на Овните. А Овните пак, ќе донесат авантуристички секс во спалната на љубовникот.

Сексуална астролошка компатибилност: Овен и Бик

Ова е добра комбинација, која има потенцијал да прерасне во краткотрајна, а понекогаш и во долготрајна врска. Без обајцата да забележат, можат лудо да се вљубат еден во друг. Бикот е многу сериозен и сензуален. Овенот го смета него за добар брачен материјал, а нивното пријателство ќе трае многу долго, дури и по завршувањето на привлечноста. Во оваа врска, обата партнери ќе научат многу за себеси.

Маж Овен и жена Бик

Жената Бик е водена од планетата Венера, а мажот Овен од Марс, па така кога тие ќе се поврзат постои огромен потенцијал за прекрасен љубовен спој. Машко-женската енергија ги спојува како тенџерче и капаче. Жената Бик ќе се прави недостижна, додека мажот Овен ќе ита кон неа со неговото сексапилно и наметливо покажување храброст. Тој мора да внимава да не избрзува, бидејќи жената Бик сака да го почувствува секој момент, особено оние возбудливи моменти, кога срцето ти трепери.

Кога врската ќе стане сексуална, мажот Овен ќе сака што побрзо да го достигне врвот на задоволството, но бидејќи жената Бик е извонредно сензуална, таа ќе го води кон бавна и внимателна предигра. Доколку машкиот Овен научи да биде потрпелив во водењето љубов и да ужива во патот до задоволство, наместо да гледа што побрзо да заврши, тој ќе биде вистински почестен од неа, бидејќи кај женскиот Бик, точката на кулминација во сексот, никогаш не завршува.

Жена Овен и маж Бик

Жената Овен секогаш ја иницира романсата, бидејќи мажот Бик е повеќе восприемчив. Всушност, Овенот секогаш ќе ја води врската. Мажот Бик ќе ја толерира непромисленоста на женскиот Овен, а таа ќе се погрижи нему никогаш да не му биде досадно. Жената Овен ужива во трошењето пари, а нејзиниот маж Бик секогаш ќе биде тука бескрајно да ја снабди со сѐ што сака. Сексот помеѓу овие двајца би требало да биде прекрасен, бидејќи жената Овен ќе го пали огнот, а мажот Бик ќе го одржува пламенот.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар