30 брутални вистини коишто треба да ги знаете за карактерот на Лавовите

30 брутални вистини коишто треба да ги знаете за карактерот на Лавовите

Смел, интелигентен, срдечен, страстен и енергичен, огнениот знак Лав е природен водач во Зодијакот, подготвен да го постави патот, да ја совлада неправдата и во меѓувреме да си ја покрене и својата репутација. Благословени со висока самодоверба, Лавовите знаат дека поседуваат особини кои сите ги посакуваат и се гордеат со тоа. Тие не веруваат во лажна скромност и ќе бидат првите кои ќе се пофалат себеси за добро завршената работа. Но Лавот не ги преувеличува своите квалитети и способности. Токму напротив, тој со задоволство ќе ги засука ракавите и ќе ја заврши работата: овој знак знае дека за да се биде почитуван и обожаван од другите, мора да вложи труд којшто е достоен на еден лидер.

30 брутални вистини коишто треба да ги знаете за карактерот на Лавовите

Но, за Лавот животот не се состои само од успеси и напорна работа. Полн со страст и енергија, овој знак обожава да се дружи и без никаков проблем стекнува нови пријатели. Сепак, да одвои доволно време за вас секогаш кога вие ќе посакате, е невозможна мисија, бидејќи Лавот секогаш се става себеси на прво место и ќе го одбие секој план, којшто не се совпаѓа со нивната агенда или замисла за забава. Поради тоа, луѓето често ги сметаат за арогантни личности. Од друга страна, ако реши да го помине времето со вас, значи дека искрено го сака тоа.

Прочитајте ги и следниве 30 брутални вистини за нивниот карактер:

1. Мотото на Лавот гласи: „Јас нема да се променам, така што подобро навикни се ти на мене.“

2. Лавот секогаш ќе биде десет чекори пред вас.

3. Оставете ги насамо кога се чувствуваат лошо.

4. Ако Лавот Ве сака, ќе станете негов плен. И верувајте, ќе ве освои!

5. Лавот не ја покажува својата ранливост пред никого.

6. Вистинските Лавови секогаш ќе страдаат тивко и во себе, само за да си ја задржат гордоста.

7. Жените Лавови не се заводнички за пари. Тие знаат како да заработат пари и без никаква помош од маж.

8. Од Лавовите, можеме да научиме како да ги надминеме животните препреки и да го добиеме она што ни е потребно.

9. Нема поента да му нудите совет на Лав… Tој секогаш ќе си тера по свое.

10. Лавот се грижи за вас, бидејќи му значите. Кога ќе престане да се грижи, значи дека вие повеќе не му вредите ништо во животот.

11. Лавовите можеби изгледаат пријателски настроени, но тие добро го проучуваат секој ваш потег и си фаќаат забелешки, со цел да одлучат дали сте достојни за нивната доверба.

12. Ако му кажете на Лав да си оди, голема е веројатноста дека ќе зажалите бидејќи ако еднаш си замине, тој повеќе нема да се врати назад.

13. Лавовите не се воопшто трпеливи индивидуи.

14. Ако го заборавите роденденот на Лавот или не му честитате, ќе бидете избришани од неговата листа на најдобри пријатели. На претставниците на овој знак, роденденот им е една од најбитните работи.

15. Доколку изоставите да ги споделите деталите за ситуацијата со Лавот, тој ќе си го сфати тоа лично.

16. Лавовите честопати се разочарани поради нивните високи очекувања од луѓето.

17. Нив не им е потребно константно внимание, но одвреме-навреме ќе морате да ги убедувате дека ви се потребни подеднакво колку и вие на нив.

18. Начинот на размислување на Лавот, накратко изгледа вака: „Осуди ме и ќе ти покажам дека грешиш. Кажи ми дека не можам и ќе ти покажам колку далеку можам да стигнам“.

19. Кога Лавот ќе ви се налути, тој не сака да слушне што имате да му кажете.

20. Лавот избегнува да ги разочарува луѓето, па поради тоа тој често ќе вели „Да“, дури и кога повеќе ќе сака да каже „Не“.

21. Никогаш нема да успеете да имате контрола врз Лавот.

22. Лавовите ги нервираат луѓе коишто зборуваат многу, но не покажуваат никаква реакција на тоа.

23. Вистинскиот Лав нема никогаш да се откаже. Тој секогаш ќе ги најде потребните средства и ќе продолжи понатаму.

24. Лавовите сметаат дека секој сам си ја одредува својата судбина и доколку не се обидете да си го подобрите својот живот кога сте во неволја, тогаш немате право ни да се буните.

25. Кога се нервозни, тие ќе кажат многу лоши зборови поради кои подоцна ќе зажалат.

26. Лавовите честопати решаваат да дадат втора шанса, но веруваат дека давањето трета шанса би било еднакво на покажување глупавост.

27. Лавовите имаат предиспозиции за кратки депресивни периоди и моменти на гнев, кои кај нив се појавуваат одненадеж.

28. Лавовите се смирени и дарежливи кон луѓе коишто го заслужуваат тоа.

29. Лавот обожава да се смее на што и да било.

30. Лавовите можат да бидат прилично сензитивни, но секогаш ќе се обидат да го сокријат тоа.

Може да ве интересираат и овие 30 брутални вистини коишто треба да ги знаете за карактерот на Раковите.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Љубопитна новинарка и маркетерка со истражувачки дух, која е во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, испеана песна и барем малку возбуда, не треба да ѝ помине ниту еден ден. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

Остави коментар