Најчудните барања во тестаментите на познатите личности
За повеќето луѓе најважното нешто во врска со тестаментите е да одредат колкав дел од нивниот имот ќе заврши кај разни членови од семејството или пријателите. Но кај многу познати личности во овој документ биле вклучени и неколку необични барања.
1. Вилијам Шекспир
Во тестаментот на познатиот писател имало барање дека по неговата смрт, неговата сопруга би требало да го добие вториот најудобен кревет од неговиот дом. Неговиот најудобен кревет не го оставил никому.
2. Чарлс Дикенс
Кога станува збор за наследување имот, тестаментот на Чарлс Дикенс не се разликува многу од останатите документи од овој вид. Но, тој имал многу специфични барања во однос на изгледот на ужалените на неговиот погреб. Тој напишал дека луѓето кои носеле марами, црни машни и наметки не смееле да присуствуваат на погребот.
3. Наполеон
Познатиот француски владетел барал по неговата смрт да му ја избричат главата, а косата да ја раздадат на неговите најдобри пријатели.
4. Филип Симор Хофман
Познатиот актер не сакал да ги разгали своите деца, па целиот свој имот ѝ го оставил на неговата девојка. Исто така сакал неговиот син Купер да биде одгледан во три града – Њујорк, Чикаго и Сан Франциско.
5. Мерлин Монро
Кога го пишувала својот тестамент, Мерлин Монро одлучила да не му остави ништо на нејзиното семејство. Наместо тоа целиот нејзин имот завршил кај Лиј Стразберг, нејзиниот учител по глума.
6. Џенис Џоплин
Популарната пејачка не сакала луѓето да си одат тажни по нејзиниот погреб. Поради тоа во тестаментот одвоила 2.000 евра за организирање целовечерна забава во нејзиниот омилен паб по завршувањето на погребот.
7. Александар Меквин
Модниот дизајнер поголемиот дел од своето богатство го донирал во хуманитарни организации. Околу 70.000 евра биле одвоени за погребување на неговите кучиња.
8. Џорџ Бернард Шо
Последната желба на познатиот драмски писател била неговите преостанати пари да се искористат за финансирање на развој на ново писмо кое треба да биде фонетско и да има вкупно 40 букви.
Знаевте ли дека некои познати личности заработуваат и по нивната смрт?