Сте се запрашале ли некогаш што би биле хороскопските знаци ако беа природни катастрофи? Можеби вашиот знак е како експлозивен вулкан? Можеби повеќе ја тресе земјата како земјотресот? Или пак, тој е како огромен астероид што патува кон Земјата со цел да нè уништи сите? Дознајте во продолжение…rn
Овенот е како вулкан: Тој е способен да експлодира во секој момент
rn
rnrnИсто како и вулканите, така и Овните се непредвидливи и способни да експлодираат во секој момент… Кога тоа ќе се случи, тие знаат да бидат навистина незапирливи, па затоа внимавајте покрај нив.rn
Бикот е како земјотрес: Тој ретко растресува, но кога ќе се случи тоа прави вистинска штета
rn
rnrnБиковите најчесто пробуваат да избегнат хаос, но ако се заборени во место без излез, тогаш едноставно растресуваат сè околу себе!rn
Близнаците се како песочна бура: Тие се немирни и тешки за смирување
rn
rnrnБлизнаците се неуморни, и понекогаш е навистина тешко да предвидите од каде ќе се појават – исто како и нескротливата песочна бура. Тие исто така и се движат со 100 километри на час!rn
Ракот е како плимен бран: Тој е ненадеен и носи сè со себе
rn
rnrnНа Раковите им се случува да се преплават со ненадејни силни емоции што се со иста моќ како и плимен бран! Тие се обидуваат да останат смирени, но кога ќе ги турнете надвор од нивните граници, стануваат навистина опасни.rn
Лавот е како див оган: Кога ќе тргне, тешко е да сопре
rn
rnrnБрзо се шират и скоро невозможни се за собирање. Тие можат да се разгорат дур трепнете, па затоа и не треба да ги провоцирате.rn
Девицата е како лавина: Таа е невозможна за запирање
rn
rnrnДевиците имаат сила и волја на незапирлива лавина, па затоа и брзо и лесно маневрираат низ животните предизвици без притоа да ја изгубат мотивацијата. Едноставно продолжуваат да се движат сè додека не стигнат до целта.rn
Вагата е како монсун: Таа е брза и непредвидлива
rn
rnrnВагите размислуваат толку брзо, што луѓето околу нив никогаш не можат да бидат 100% сигурни што ќе направат следно. Токму затоа се и исти како тропските монсуни!rn
Скорпијата е како бура со грмотевици: Темна, мистериозна и деструктивна
rn
rnrnСкорпиите имаат темен и мистериозен карактер, зад кој се крие екстремно силна енергија и аура слична на онаа што ја гледаме во бурите со грмотевици.rn
Стрелецот е како торнадо: Моќен и полн со енергија
rn
rnrnПоради нивните краткотрајни, но моќни изливи на енергија, Стрелците навистина се како торнада. Кога ќе земат замав, најдобро е да ги набљудувате од далечина, бидејќи е опасно да им се приближите.rn
Јарецот е како снежна бура: Кога е лут, знае да биде навистина многу студен
rn
rnrnЈарците се навистина добри и топли личности, но ако ги изнервирате знаат да станат ледени! Токму затоа и најлесно може да се споредат со снежната бура.rn
Водолијата е како астероид: Таа е од друга планета
rn
rnrnВодолиите имаат редок и уникатен карактер што истовремено е и интересен и опасен (доколку ги налутите). Токму затоа и не е воопшто чудно што тие се единствената непогода што доаѓа надвор од нашата планета.rn
Рибите се како поплава: Длабоки и смртоносни
rn
rnrnКога ќе ги преплават емоциите, тие почнуваат да се однесуваат како вистинска поплава со луѓето околу нив!