Ако мислите дека древните Египќани биле многу поразлични од нас, грешите. И тие ги следеле модните трендови, користеле парфеми, чувале домашни миленици, организирале забави, пиеле пиво и танцувале како нас, само со мали разлики. Овие факти за нивниот живот веројатно ги немате слушнато.rn
1. Членовите на семејството појадувале одделно
rnСемејните појадоци биле реткост, особено во богатите семејства. Главниот член во семејството појадувал сам. Слугите му ја носеле храната откако завршувал со утринското капење. Жените појадувале додека се средувале наутро, или веднаш потоа. Членовите на семејството се собирале на масата попладне или навечер.rn
2. За време на гозби била изложена дрвена мумија за гостите
rnОваа слика е дело на Едвин Лонгсден Лонг и е наречена „Египетска гозба“. На сликата е претставена чудна сцена каде што слугите влечат мумија пред гостите на голема гозба. Според Херодот, дрвената фигура која симболизирала мртва личност им се покажувала на гостите со цел да ги потсети на минливоста на животот. Овој ритуал бил проследен со зборовите: Погледни го, пиј и уживај во животот бидејќи ќе бидеш ист по својата смрт!rn
3. Посебен однос кон обувките
rnНајчесто, Египќаните шетале боси, а дури и фараоните го правеле тоа. Тие имале посебни слуги чија задача била да ги носат чевлите на владетелот. Понекогаш сандалите биле украсени со лицата и имињата на непријателите за да можат да газат врз нив. Исто така сандалите се сметале за обувки што ѝ се потребни на личноста во задгробниот живот. Поради ова во многу гробници има посебно место за нив. Сандалите на фараоните често биле направени од злато, но во реалниот живот би било навистина тешко да одите во нив.rn
4. Домашни миленици
rnДревните Египќани се помеѓу првите луѓе кои почнале да ги одгледуваат животните како миленици. Сите знаеме дека ги обожувале мачките, но помеѓу нивните фаворити се наоѓале кучињата, јастребите и мајмуните. Според некои докази, мајмуните и кучињата се користеле да им помогнат на војниците да патролираат на нивната територија. Домашните миленици им биле важни на Египќаните како што ни се и нам. Сопствениците сакале да ги видат своите миленици во задгробниот живот, па по нивната смрт и тие биле балсамирани и поставувани во гробниците.rn
5. Египќанките носеле разголени фустани
rnОблеката што ја носеле Египќанките била тесен фустан со една или две прерамки. Фустанот започнувал под градите, оставајќи ги голи. Не само што ги носеле слугинките, овие фустани ги носеле свештеничките, обичните жени и жените од благородни семејства. Божицата Нефертари (левата фотографија) е претставена со ваков фустан. Ова воопшто не се сметало за срамно, а имало и поскромни парчиња облека.
Продолжува на следната страница…

