Истражување: Животните стануваат ноќни за да избегнат контакт со луѓето

Истражување: Животните стануваат ноќни за да избегнат контакт со луѓето

Одбивајќи да живеат и да се однесуваат на повнимателен начин, луѓето ја уништуваат Земјата. Животните се свесни за ова, па едно истражување покажало дека сè повеќе и повеќе видови стануваат ноќни.

Истражување: Животните стануваат ноќни за да избегнат контакт со луѓето

Истражувањето е спроведено од Кејтлин Гејнор, еколог на Универзитетот во Калифорнија. Заедно со нејзините колеги таа заклучила дека обичните активности како планинарење и кампување ги плашат животните и ги тераат да бидат поактивни во текот на ноќта.

„Ова укажува дека животните се однесуваат внимателно околу луѓето. Можеби мислиме дека не оставаме трага кога шетаме низ шумите, но нашето присуство има трајни последици.“

За истражувањето Кејтлин анализирала 76 истражувања кои вклучувале 62 видови животни од 6 континенти. Дабарите во Бразил, лавовите во Танзанија, којотите во Калифорнија и тигрите во Непал учествувале во истражувањето.

„Истражувачите споредиле колку време се активни овие суштества надвор во однос на разни човечки активности како ловење, планинарење и фармерство. Во просек, тимот открил дека човечкото присуство предизвикало зголемување на ноќната активниот за 20%, дури и кај животните кои не бил ноќни.“

Ана Бенитез Лопез која го прегледувала истражувањето изјавила:

„Никој ги немаше собрано и анализирано овие податоци на ваков детален начин.“

Кејтлин додала дека наодите се малку застрашувачки.

„Дури и ако луѓето мислат дека немаме влијание на животните, влијаеме без да знаеме. Луѓето го прават нивното во текот на денот, а животните во текот на ноќта.“

Кејтлин се надева дека видовите ќе научат да коегзистираат и да ја делат планетата.

Знаевте ли дека луѓето уништиле 83% од сите диви животни на планетата?


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар