Пустината ги „освојува“ Дубаи и Абу Даби на овие неверојатни фотографии
Обединетите Арапски Емирати се многу повеќе од луксузни трговски центри и облакодери. Израелскиот фотограф Иренаус Херок поминувал време во пустината со дрон и она што го фотографирал е навистина неверојатно. Херок е професионалец за пејзажи и портрети, а својата инспирација ја црпи од старите слики и филмови. Неговите дела содржат традиционални и модерни елементи балансирајќи ја техничката прецизност со неговиот уникатен стил.
Битката помеѓу природата и човештвото не е многу силна во Обединетите Арапски Емирати. Пустиот предел е преобразен и Дубаи стана вистинска метропола за многу кратко време. Сепак, понекогаш природата сака да „напаѓа“ и Херок решил да го документира ова со неговите неверојатни, надреални, апокалиптични фотографии. Уживајте во колекцијата.
Продолжува на следната страница…