25 застрашувачки знаци кои покажуваат дека крајот на светот можеби е навистина блиску

Сподели

Дали некогаш сте гледале или читале некоја новост и сте си помислиле дека можеби доаѓа крајот на светот? Не сте единствените. Иако низ историјата многу луѓе го предвидувале крајот на светот, изгледа дека денес тој е поблиску од кога било. Од напредокот на вештачката интелигенција до генетскиот инженеринг, луѓето само додаваат потенцијални катастрофи на листата. Овие знаци покажуваат дека можеби крајот на светот навистина ни се приближува.

Реклама

rn

1. Часовник за судниот ден

rnСекоја година тим научници прави извештај за тоа колку време останува пред уништувањето на светот. Овој извештај е наречен „Часовникот за судниот ден“. Последниот извештај од 2018-та година покажал дека сме на само 2 минути до полноќ, односно до целосно уништување. Во 1991-ва година според извештајот сме биле на 17 минути до полноќ.rn

2. Лажни вести

rnСо години весниците и вестите на телевизија биле веродостоен извор на информации. Но од 2016-та година се појавија „лажните вести“ па веќе не можеме да им веруваме на овие информации. Без факти сè може да биде вистина во сечиј ум. Ова може да предизвика пад на либералните демократии и човековите права.rn

3. Богати личности кои се подготвуваат за крајот

rnНајбогатите луѓе на Земјата имаат повеќе пари отколку што можат да потрошат цел живот. Па тие трошат милијарди подготвувајќи се за крајот на светот. Градат добро опремени бункери под нивните куќи и купуваат земјишта во Нов Зеланд.rn

4. Религиски прогон

rnХристијаните веруваат дека масовниот религиски прогон е знак за судниот ден. Според едно истражување од Јејл, 50 милиони луѓе од Блискиот Исток и Азија биле протерани поради нивната религија. Исто така се покажало дека во 2015-та година христијаните биле малтретирани од властите и социјалните групи во над 128 држави, а тоа е повеќе од која било религиска група.rn

5. Топење на Арктикот

rnМразот на Арктикот се топи со голема брзина, а тоа може да предизвика вистинска катастрофа. Научниците со помош на сателити веќе 20 години го набљудуваат мразот и забележале дека од 1990-та година тој е намален 5 пати. Се претпоставува дека целиот мраз на Арктикот ќе се растопи до 2040-та година.

rn

6. Пораст на авторитаризмот

rnПостои страв дека авторитаризмот ќе се прошири и на запад со тоа потиснувајќи го влијанието на либералните демократи. Ова може да води до прогони со огромни размери, отстранување на човечките права и војни.rn

7. Напнатост помеѓу глобалните сили

rnСАД, Русија и Кина имаат свои несогласувања, а конфликтите во Сирија и Украина ги тестираа границите на САД и Русија. Во меѓувреме Кина продолжува да гради воени бази на вештачки острови. Зголемената напнатост во комбинација со лош политички потег лесно може да заврши како Трета светска војна.rn

8. Отпорност на антибиотици

rnСо децении антибиотиците се најсилното оружје на медицината. Но во последните неколку години како резултат на прекумерната употреба, голем број бактерии стануваат отпорни на нив. Ако овие бактерии станат целосно отпорни, антибиотиците ќе станат бескорисни, а со тоа медицината ќе се врати стотици години назад.rn

9. Супервулкан

rnМожеби звучи како лош филм, но супервулканите се вистински темпирани бомби. Во националниот парк Јелоустон во САД има една ваква бомба. Научниците сметаат дека неговата ерупција би ја покрила цела Америка со чад и би предизвикала нова ледена доба.rn

10. Надгледување

rnИнтернетот ни нуди многу предности како подобра комуникација, нови пазари и се разбира, забава. За жал, со негова помош секој лесно може да следи сè што правиме. Од Викиликс и Едвард Сноуден, до неодамнешниот скандал со Фејсбук, јасно е дека приватноста повеќе не постои.

rn

11. Ледена доба

rnЕдна професорка по име Валентина Жаркова тврди дека промената на температурата од сонцето може да предизвика нова ледена доба помеѓу 2020-та и 2050-та година. Таа верува дека сонцето минува низ циклуси со тоа менувајќи го количеството топлина што го зрачи. Се верува дека вакво нешто се случило помеѓу 1645-та и 1700-та година.rn

12. 2000 SG344

rnОва е името на астероидот кој се движи кон нас. Научниците утврдиле дека Земјата и овој астероид можат да се судрат на 21-ви септември 2030-та година. НАСА дури планира мисија со екипаж до астероидот околу 2030-та година.

Продолжува на следната страница…

Популарно

Може ќе ве интересира