КАФЕ ПАУЗА

25-те највалкани нешта што ги допирате секојдневно

25-те највалкани нешта што ги допирате секојдневно

Сигурно не ве изненадува фактот дека светот е валкано место полно со милиони бактерии. Но она што ќе ве изненади е кога ќе дознаете кои се највалканите места во вашиот дом и надвор од него. Па, погледнете кои се 25-те највалкани нешта што ги допирате секојдневно.rnrn25-те највалкани нешта што ги допирате секојдневноrn

1. Брави

rnИако постојат модерни брави што се отпорни на бактерии, не значи дека секогаш се ефективни. А бравите коишто не се отпорни се уште полоши.rn

2. Рачката на фрижидерот

rnИскрено, колку често ја чистите рачката на вашиот фрижидер? Најверојатно никогаш. Но треба да почнете да го правите тоа бидејќи овој дел често е полн со бактериите кои живеат на пилешкото и свинското месо. Причината е тоа што луѓето го вадат месото од фрижидер, го допираат и го враќаат без да ги измијат рацете.rn

3. Копчиња на автомати

rnСледниот пат кога ќе користите автомат, имајте го на ум следново – сигурно ќе изедете нешто повеќе од тоа што сте го купиле. Најлошо од сè е што за храната од автомати не користите прибор, па бактериите често завршуваат во вашата уста.rn

4. Мерачи за паркинг

rnСпоред неодамнешно истражување, 40% од мерачите за паркинзи биле обележани како ризични места за пренесување на болести.rn

5. Копчиња на семафорот

rnКопчињата на семафорите често имаат високо количество аденозин трифосфат, молекула што го сигнализира присуството на габи, бактерии и мувла.rnrn25-те највалкани нешта што ги допирате секојдневноrn

6. Банкомати

rnНеодамнешните истражувања покажале дека банкоматите имаат многу од бактериите што предизвикуваат гадење и дијареја. Интересно е што ова се истите бактерии што се наоѓаат и во јавните тоалети.rn

7. Далечински управувачи

rnДодека чистотата на далечинскиот управувач во вашиот дом зависи од вашата лична хигиена, управувачите во болници, хотели и слично се навистина валкани. Не само што вдлабнатините ги прават совршени за микроби, спори и телесни течности, со истражувања се пронајдени урина, па дури и сперма на јавните далечински управувачи.rn

8. Тоалетни школки

rnИако не би се осудиле да пиете од тоалетна школка, сепак ова не е највалканото место што постои. Сепак, на 6 центиметри квадратни има околу 295 бактерии.rn

9. Мобилни телефони

rnВашиот мобилен телефон е повалкан од тоалетна школка. Причината е тоа што овие направи често се топли и имаат премногу вдлабнатини во кои можат да се „скријат“ бактериите. Едно неодамнешно истражување од Велика Британија покажало дека телефоните се совршено место за развој на стафилокока, бактерија која може да предизвика сè од кожни инфекции до менингитис.rn

10. Внатрешната брава на јавните тоалети

rnИако можеби школката се чисти со секое пуштање вода, ова се разбира не важи за бравата. Всушност, големи се шансите дека бравата не е исчистена од поставувањето на тоалетот. Уште една причина да ги измиете вашите раце.rnrn25-те највалкани нешта што ги допирате секојдневноrn

11. Кади

rnОсвен ако не ја чистите кадата еднаш неделно, најверојатно таа е уште повалкана од вашата тоалетна школка. Инфекции од стафилококи, пневмонија и инфекции на уринарниот тракт се болести кои биле предизвикани од валкана када.rn

12. Прекинувачи за светилка

rnИ прекинувачите се места кои речиси никогаш не се чистат. После толку години користење, нормално е на нив да има илјадници бактерии на центиметар квадратен.rnrnПродолжува на следната страница…rnrn