Инспиративни цитати од непознати автори што ќе ви го стопат срцето

Инспиративни цитати од непознати автори што ќе ви го стопат срцето

Интернетот изобилува со топли мисли и изреки, најчесто од непознати автори, што треба да знаете каде да ги барате за да можете да уживате во нив. За да ви ја олесниме работата, решивме да издвоиме мал дел од нив, за да го стопиме вашето срце и да ве натераме на размислување. Уживајте…

„Понекогаш вашиот круг на пријатели се намалува на нула, но со тоа ја зголемува својата вредност.“

„Дојди, да лежиме заедно со часови, за да можеме да зборуваме за илјадници ништа што всушност значат милиони нешта.“

„На некој начин многу е тажно кога ќе сфатите дека личноста на којашто еднаш сте ѝ кажувале сè, сега не знае ништо за вашиот живот.“

„Во моментов се наоѓам на место каде што за тебе би го оставила целиот свет зад себе.“

„Искрено, не ми треба некој што го гледа само доброто во мене. Ми треба некој што го гледа и лошото во мене и покрај тоа, сепак ме сака во целост.“

„Ако скршите нечие срце и тие повторно сакаат да разговараат со вас со истата возбуда и почит, верувајте ми, искрено ве љубат!“

„Најубавите нешта во животот не се нешта. Најубавите нешта се луѓе и места, сеќавања и фотографии. Тие се чувства и моменти исполнети со насмевки.“

„Добрите пријатели кажуваат добри нешта зад вашиот грб и лоши нешта во вашето лице.“

„Нашата средба беше судбина. Нашето пријателство беше избор. Нашата љубов дефинитивно е нешто што ми избега од контрола.“

„И тогаш мојата душа те здогледа и проговори: ‘Ах, ете си. Те барав…’“

„Љубовта е нешто што не може да биде изразено со зборови, но може да биде почувствувано низ целиот универзум.“

„Сите прават грешки, но тоа не значи дека треба да плаќате за нив до крајот на вашиот живот.“

„Секојдневно правете по нешто мало, сè додека вашата идеја не стане нешто многу големо.“

„Зошто се споредувате со другите? Ниту еден човек на светов не може да биде подобро ‘вие’ од самите вас.“

„Единственото нешто што може да го сторите е да дадете сè од себе. Ако не добиете почит од другите, тоа е нивна вина, не ваша.“

„Ако моето отсуство не го менува твојот живот, тогаш моето присуство нема никакво значење.“

„Најсилните луѓе не се оние што ја покажуваат силата пред вас, туку оние што имаат битки за кои не знаеме ништо.“

„Сите минале низ нешто што ги променило на начин на кој не им дозволува никогаш повторно да се вратат на старото.“

Прочитајте ги и овие 15 цитати за љубовта кон себе кои ќе ви го променат животот!


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар