Куќи кои можат да издржат силен ураган

Куќи кои можат да издржат силен ураган

Мината недела Њујорк беше погоден од земјотрес и ураган, две екстремно ретки елементарни непогоди за овој град. Иако инспирација за овој дизајн се токму случувањата во Њујорк, сепак овој концепт би бил далеку посоодветен во краишта, каде што мајката природа почесто ја покажува својата сила. Тед Гивенс, партнер во компанијата „10 Design“ ја реализирал својата феноменална замисла за предградие составено од куќи со ултрамодерен изглед, кои можат без проблем да издржат силен налет на торнадо или ураган.Куќи кои можат да издржат силен ураганНеговиот одговор на природните непогоди се куќи на хидрауличен систем, кој се активира при појава на екстремно силни ветрови и ја спушта куќата безбедно под нивото на земјата. Откако ќе пропадне под земја, покривот на куќата се заклучува, правејќи го отпорен на ветар и вода.Куќи кои можат да издржат силен ураганЦелата населба би била поврзана со мрежа од сензори кои ќе ја интерпретираат временската состојба. Тој систем ќе функционира како човечки организам и ќе може да ги спушти куќите во земјата за само неколку секунди.

———————————————————————————————————————————————————————

Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран новинар со широк спектар на интереси. Љубител на ТВ серии, фудбал и Цедевита. Статистичар по природа и страстен фан на Јувентус и Роџер Федерер.

Поврзани содржини

Остави коментар