100 слатки нешта коишто можете да ги направите за вашата жена да биде неизмерно среќна

100 слатки нешта коишто можете да ги направите за вашата жена да биде неизмерно среќна

Колку и да звучи како клише, малите нешта, се тие коишто му даваат смисла на животот и коишто ги прават љубовните врски незаборавни. Спектакуларните гестови и луксузните подароци за некој повод, имаат своја убавина, но малите, слатки нешта се тие коишто најмногу значат и се паметат. Зборуваме за оние спонтани постапки, со кои ќе ѝ покажете на вашата љубена дека не ја земате здраво за готово и сакате да ѝ го направите светот, подобро место за живеење.

100 слатки нешта коишто можете да ги направите за вашата жена да биде неизмерно среќна

Во продолжение, прочитајте ги следниве 100 слатки работи, коишто можете да ги направите, за да ја усреќите вашата девојка или сопруга. Некои се многу едноставни, а за други ќе ви биде потребно повеќе планирање и размислување. Како и да е, бидете сигурни дека ќе направат огромна разлика во вашата заедничка среќа.

1. Подгответе ѝ го утринското кафе.

2. Секој ден, посакувајте ѝ добро утро и добра ноќ.

3. Држете ја за рака додека преминувате улица.

4. Напишете ѝ нешто интересно или нацртајте ѝ нешто смешно на лепливо пост-ит ливче и залепете го на фрижидерот или на огледалото во бањата, со цел да ја насмеете додека не сте дома.

5. Купете ѝ букет цвеќе во кој било обичен ден, а не само за нејзиниот роденден, на 8 март или на св. Валентин.

6. Присетете се на оние нешта кои таа обожувала да ги прави пред да имате деца, направете планови и изненадете ја.

7. Не ѝ пречете додека чита книга.

8. Купете го нејзиниот омилен сапун. Знаете кој, оној што не ја суши и ја хидратира кожата.

9. Исчистете ги сите прозорци во домот, без да се пофалите за тоа.

10. Во студените денови од годината, влезете во нејзиниот автомобил и пуштете го греењето, пред таа да отиде на работа. Во топлите денови, пуштете го климатизерот на ладење. Доколку не вози и оди на работа со јавен превоз, купете ѝ лепеза за во летните горештини.

11. Дозволете ѝ да се наспие за време на викендите.

12. Изненадете ја со вкусен ручек.

13. Одведете ја во кино, на филмот којшто многу сака да го гледа. Доколку вам не ви се допадне, а таа го обожава, задржете си ги коментарите за себе.

14. Одберете неколку нејзини фустани, маички или чевли што се убави и постојано давајте ѝ комплименти колку убаво и стојат, сè додека не се почувствува посебно убаво.

15. Кажете ѝ дека сте вљубени во начинот на којшто се смее, пее, ја фрла топката или ги оговара телевизиските личности.

16. Исперете ги пешкирите и килимчето во бањата.

17. Ставете ја нејзината наметка во сушарата неколку минути, за да биде топла пред да ја облече.

18. Купете некое убаво миризливо масло и масирајте ѝ го грбот, стапалата или било што, што ја боли. Погрижете се да добие целосен третман, како во спа-центар и не очекувајте масажа од неа за возврат.

19. Носете ја облеката којашто таа ја обожува. Доколку сака да носите маица со крагна под џемперче, направете ѝ го ќефот и таа ќе ви биде многу благодарна.

20. Кажете ѝ дека мислевте на неа во текот на работниот ден. Дури и да не е целосно вистина, кажете ѝ дека сте ја помислиле многу пати.

21. Исчистете го каучот со правосмукалка и протресете ги украсните перничиња преку балкон.

22. Кога ќе влезете дома, речете: „Еве ја мојата прекрасна невеста!“

23. Поправете го тоа нешто во домот, што веќе некое време е расипано.

24. Згответе ѝ ја омилената вечера.

100 слатки нешта коишто можете да ги направите за вашата жена да биде неизмерно среќна

25. Исчистете го лабавото во тоалетот со средство за дезинфекција. Сигурно е валкано.

26. Иницирајте некако контакт. Прегрнете ја, поставете ја вашата рака на нејзиниот грб или штипнете ја за бутот, ако тоа е соодветна реакција во моментот. Не мора да биде ништо од сексуална природа, но може и да биде.

27. Ставете ги нејзините електронски уреди на полнење.

28. Помогнете ѝ да направи добри стратегии за справување со предизвиците на работното место.

29. Негувајте некои навики, коишто ќе бидат по малку предвидливи. Тие ќе ѝ делуваат успокојувачки.

30. Потсетете ја дека таа не мора да им биде сè, на сите.

31. Облекувајте се како возрасна личност.

32. Покачете ја температурата во собата, повеќе одошто вие сакате, бидејќи претпоставувате дека ѝ е студено.

33. Прашајте ја каков ѝ бил денот. Поставете ѝ барем неколку прашања, за да се почувствува дека навистина ја слушате и ве интересира што ќе каже.

34. Доколку возите засебни автомобили, дадете ѝ го AUX кабелот од вашиот, за да се забавува со музика додека вози. Доколку пак, одите на работа со јавен превоз, дозволете ѝ да ја избере музиката којашто ја слушате заедно, секој на една слушалка. Без разлика дали во моментот ѝ се слушаат балади или хип-хоп и тоа ја прави среќна, воздржете со од коментари. Ќе преживеете!

35. Доколку не успеавте да се воздржите и ја гледавте последната епизода од вашата омилена заедничка ТВ серија, не ѝ го кажувајте тоа и уживајте додека ја гледате репризата со неа.

36. Запознавајте нови пријатели и дружете се со нив понекогаш.

37. Завршете некоја обврска којашто таа многу ја мрази. Не правете голема работа околу тоа, едноставно завршете ја!

38. Ставете ѝ паста на четката за заби и подадете ѝ ја, доколку се подготвувате во исто време во тоалетот.

39. Гушнете ја со целото ваше тело, додека лежите во спалната.

40. Секогаш трудете се да ја насмевнете. Навистина трудете се.

41. Играјте друштвени игри со неа.

42. Во кафулето, порачајте ѝ го нејзиното омилено кафе, дури и ако е тешко да се запомни, на пример: со шлаг, карамела и чоколаден прелив.

43. Секој ден зборувајте со неа, за работите коишто се случуваат во светот. Таа веројатно веќе ги слушнала главните вести, но можеби ѝ е потребен некој со којшто ќе ги сподели стравовите или гневот.

44. Прегрнете ја во времетраење од барем 30 секунди.

45. Сосема случајно испратете ѝ некоја ГИФ слика, селфи или смешна фотографија од вашите деца, како јадат.

46. Донесете ѝ чаша вода кога ќе се разбуди наутро, пред да си легне да спие или одма после секс. Не чекајте да ви го побара тоа.

47. Испраќајте ѝ предизвикувачки секси пораки, но користете и убави емотикони. На пример: смајли со срциња наместо очи, смајли на коешто му виси јазичето надвор, бакнеж, срамежливо смајли…

48. Кажете ѝ дека е прекрасна мајка. Бидете поспецифични и кажете ѝ: „Додека те гледав како внимателно ги капеш децата пред малку, сфатив колку прекрасна мајка си ти.“

49. Подарете ѝ бакнеж, веднаш штом влезете дома. Доколку пак, работите од дома, појдете кон неа за да ја бакнете, кога ќе пристигне дома.

Прочитајте ги останатите слатки нешта коишто треба да ги направите за вашата сопруга, на следната страница


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Љубопитна новинарка и маркетерка со истражувачки дух, која е во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, испеана песна и барем малку возбуда, не треба да ѝ помине ниту еден ден. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

Остави коментар