10 научни теории што му предизвикале многу зло на човештвото

10 научни теории што му предизвикале многу зло на човештвото

Само оние кои не прават ништо не прават ни грешки. Многу често барајќи ја вистината, луѓето тргнуваат по погрешен пат. Постојат многу примери низ историјата на човештвото каде што овие грешки имале катастрофални последици за милиони луѓе. Во 1950-та година, филозофот Бертранд Расел го напишал есејот „Логика и знаење“ (Logic and Knowledge) во кој ги изнел сите делови од човештвото кои нè оддалечуваат од човечките вредности. Следниве 10 научни теории се доказ за тоа колкави грешки можат да направат луѓето.

1. Научен расизам: Некои раси се подобри од другите

10 научни теории што му предизвикале многу зло на човештвото

Оваа теорија се појавила во ерата на робовладетелството со цел да се добие научно објаснување за тоа зошто некои луѓе треба да им се потчинуваат на други. Во 19-тиот век, францускиот писател и социолог Џозеф Артур де Гобино ја прогласил ариевската раса за врховна бидејќи ги надминувала другите во однос на физичка сила, интелигенција и убавина. Оваа теорија била доразвиена од германскиот антрополог Ханс Ф. К. Гантер. Нацистичката кампања била започната поради дискриминацијата и целта ѝ била уништување на „дефектните“ луѓе како Евреите. Се проценува дека бројот на жртви како резултат на оваа теорија е помеѓу 4 и 8 милиони луѓе. Денешната наука не ги поврзува менталните способности на личноста со потеклото или бојата на кожата.

2. Евгеника: Човекот не може да се „подобри“ без селекција

10 научни теории што му предизвикале многу зло на човештвото

Авторот одговорен за оваа идеја е англискиот истражувач Френсис Галтон. Неговата цел било подобрување на гените и развивање квалитети што му се потребни на општеството. Прашањето било: Кои квалитети имаат вредност? Дали тоа значи дека креативна личност со физички дефект ќе биде отстранета?

Негативната евгеника била развиена во нацистичка Германија и целта ѝ била прекин на размножувањето на луѓето кои поради некоја причина се сметале за „дефектни“. Програми за стерилизација постоеле и во скандинавските држави, САД, Данска, Швајцарија, Велика Британија и Јапонија. Со развојот на клонирањето и појавата на можноста да се прават промени во човечката ДНК, почна да се поставува прашањето за етиката на овие експерименти. На пример, во Исланд сите бремени жени чии деца имаат Даунов синдром се абортирани.

3. Телегонија: Детето ќе личи на првиот партнер на жената

10 научни теории што му предизвикале многу зло на човештвото

Оваа теорија била популарна помеѓу следбениците на религиските и филозофските концепти на креационизмот. Со ова се обидувале да докажат дека жената треба да остане девица до брак. Според нив, интимноста со кој било маж, особено со првиот, има влијание на идните деца. Тешко е да се пресмета колку жени страдале од оваа заблуда.

Идејата за телегонија била користена од нацистите кои мислеле дека ако жената имала врска со човек кој не е припадник на ариевската раса, не може да роди „чисто“ дете. Бидејќи нема речиси никакви експерименти за оваа теорија, најверојатно е лажна. Покрај тоа, со развојот на генетиката оваа теорија нема никакви шанси.

4. Рамна Земја: Рамната Земја е сместена во центарот на универзумот

10 научни теории што му предизвикале многу зло на човештвото

Луѓето верувале во модел на Сончев систем каде што Земјата е во средината. Благодарение на Никола Коперник, овој мит бил побиен. Изненадувачки, но и денес постојат многу луѓе кои веруваат во ова.

Во древните времиња и во Средниот Век, луѓето кои не ја поддржувале оваа идеја биле брутално казнувани. Се верувало дека ако не се согласувате со фактот дека Земјата е во центарот на универзумот, не се согласувате со божествената природа на сè. Па, „неверниците“ биле палени на клада.

5. Теоријата за ефективна комуникација: Одбивање на вашето јас и задолжителна насмевка на лицето

10 научни теории што му предизвикале многу зло на човештвото

Личноста која сака да зборува во јавност лесно стекнува нови пријатели, се посветува на работата, не започнува конфликти и постојано е насмеана. Луѓето околу неа сметаат дека е успешна и дека ужива во животот. Но, не е толку лесно.

Во неговите книги, Дејл Карнеги често ги охрабрува читателите да го заборават нивното „јас“, да го потиснат своето мислење и да ја направат комуникацијата попријатна. Но личноста која постојано чувствува стрес и потиснување може да развие психолошки нарушувања. Оваа техника ќе ви помогне да постигнете некои цели во животот, но сигурно нема да ве направи посреќни.

Продолжува на следната страница


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар