9 модни грешки што можат да го уништат секој летен изглед
Навистина е лесно да излезете во лето носејќи малку облека. Топлите месеци ни дозволуваат да изгледаме неверојатно со малку напор. Најважното нешто е да не ги правите некои од најчестите грешки кои можат да го уништат целиот ваш изглед. Погледнете за кои станува збор.
1. Провидна облека
Провидната облека изгледа добро само на плажа и што е можно подалеку од канцеларијата. Единствениот исклучок може да биде провидна блуза со убав градник за вечерно излегување.
2. Долна облека
Блузите на кратки ракави, белите блузи, облеката со гол грб и тенките фармерки бараат долна облека која е речиси невидлива. Важно е да го пронајдете вистинскиот градник чии рамки нема да се гледаат под облеката. И да, силиконските рамки не изгледаат добро.
3. Чевли
Ако не одите на плажа, влечките оставете ги дома. Ако ви дозволува кодексот за облекување на работно место, можете да носите сандали или еспадрили. Отворените чевли носете ги само ако сте направиле педикир.
4. Хулахопки
Хулахопките можат да бидат вистински кошмар за оние кои работат во канцеларија. Често од жените се бара да ги покриваат своите нозе. Ако вашето работно место има поопуштен кодекс за облекување, заборавете на хулахопките. Летните фустани со сандали и хулахопки не изгледаат воопшто добро.
5. Деколте и мини здолништа
Без разлика колку е топло, не заборавајте дека или можете да го покажете деколтето или да носите мини здолниште. Ако ги одберете двете опции, ќе бидете премногу „разголени“ и воопшто нема да изгледате елегантно.
Продолжува на следната страница…