Секој хороскопски знак, во просек, два пати во животот се среќава со она што се нарекува голема љубов. Големите љубови оставаат трајна трага врз личноста, некогаш убав спомен, а некогаш болна рана. Кога се работи за тажна љубов, може да се случи животот да продолжи по најдобар ред, но никогаш да не ја заборавиме претходната личност која сме ја сакале. Еве како секој хороскопски знак ја доживува љубовта и колку пати ќе сака во животот пред да ја најде вистинската личност:rnrn
rn
Овен
rnВие ќе сакате вкупно три пати во животот. Скептични сте кога е во прашање нова љубов, но кога ќе ја најдете, запира влијанието на претходниот партнер. Новата љубов ќе ја најдете поради љубопитност, со желба повторно да се чувствувате сакано.rn
Бик
rnБикот е знак кој најчесто, вистински сака само еднаш во животот. Во моментот кога ќе се вљуби, овој хороскопски знак е подготвен да направи сè за својот партнер, а постојано мечтае и како го поминуваат целиот живот заедно.rn
Близнаци
rnИсто како и Овенот, и тие имаат три љубови во животот. Тежнеат да најдат апсолутна љубов која ќе трае доживотно, без разлика на нивната емоционална состојба. Најчесто љубовта им доаѓа во три наврати, а секој пат тие мислат дека ја нашле вистинската личност.rn
Рак
rnРаковите, во просек, два пати во животот може да бидат уловени во мрежата на љубовта. Ако се разочараат од првата љубов, нема да им треба многу време за веднаш да најдат нова личност, на која ќе ѝ дадат премногу, за да ја задржат.rnrn
rn
Лав
rnЛавовите секогаш сакаат и подеднакво се посветуваат на секоја нова љубов. Тие се родени освојувачи и не се плашат од емоциите во новите врски, дури и ако постои опасност да бидат изневерени или повредени.rn
Девица
rnТие се многу сомничави и скептични во врска со љубовта и поради тоа можат да сакаат максимално два пати во текот на целиот живот. Девиците не дозволуваат некој целосно да го окупира нивниот свет.rn
Вага
rnПокрај Лавот, ова е вториот знак кој умее да биде вљубен во секој нов партнер. Колку и да се повредени од претходната врска, на Вагите не им е проблем за кратко време да започнат нешто ново, во кое ќе го вложат целото срце.rn
Скорпија
rnОвој хороскопски знак навистина сака само еднаш во животот. Секако, во меѓувреме ќе има многу врски и авантури. Тие не веруваат во чист физички однос, па затоа и многу им е важно да воспостават и емоции. Многу се таинствени и размислуваат долго пред да се впуштат во нешто ново.rnrn
rn
Стрелец
rnСтрелците сакаат четири пати во животот. Тие се искусни во љубовта, но и имаат големо срце кое е способно често да сака. За да ја задржат љубовта на својот живот, потребно е да направат и компромиси.rn
Јарец
rnИ тие можат да сакаат два пати во животот, но тоа им паѓа особено тешко, бидејќи не им е лесно да искажуваат чувства. Најчесто, токму тие се оние кои раскинуваат кога врската не води во посакуваниот правец.rn
Водолија
rnВодолиите имаат три љубови во животот, а тука се вклучени и љубовниците со кои изневеруваат. Тие имаат тенденција да бараат совршен партнер, кој истовремено им е и пријател, но за секоја сигурност, го задржуваат покрај себе и постоечкиот.rn
Риби
rnПретставниците на овој хороскопски знак вистински ќе сакаат само една личност во целиот свој живот. Кога ќе ја препознаат својата сродна душа, веднаш се закотвуваат покрај нејзе и не ја пуштаат.rnrnПрочитајте уште и дали е можна голема љубов кај некомпатибилните хороскопски парови.