Девојка ги споделува сите чудни (и урнебесни) нешта што нејзиното момче ги кажува во сон

Сподели

Момчето на Кејтлин често зборува во сон, па таа го направила тоа што секој човек при здрав разум би го направил – ги напишала сите глупости што тој ги зборел во неговиот сон на социјалните мрежи! И мора да признаеме дека е најдоброто нешто што сме го прочитале во последно време. Погледнете и самите…

Реклама

rn

Класичен сон

rn

„Не можам да паднам на испитот… не сум на факултет!!!“

rnОва изгледа сон што сите го имале. Вие пропуштате тест затоа што доцните или затоа што едноставно не сте на вистинското место.rn

Цврсто мислење

rn

„Но, јас сакам да бидам Мери Попинс.“

rnСе прашуваме дали ова е под влијание на најавата дека Емили Блант ќе биде новата Мери Попинс. Таа е одлична, но сигурни сме дека овој маж ќе беше многу подобар избор!rn

Целосен кошмар

rn

„Не ми ги земај прстите на нозете. Што правиш?“

rnМожете ли да замислите некој едноставно да ви ги земе прстите?rn

Став за време на спиење

rn

– „Кејтлин, дрвјата доаѓаат.“

– „Зошто?“

– „Ти изгледам ли како да знам?“

rnКејтлин поставила сосема разумно прашање, нема потреба од ваков одговор во сон.rn

Храбра изјава

rn

„И како што знаеш, јас сум Хаваи!“

rnОх, навистина? Ти си државата Хаваи? Не веруваме…rn

Најдобриот сон досега?

rn

„Куче, престани да леташ и легни малку.“

rnИ ние би сакале да сонуваме дека кучињата летаат. Тоа би било одлично!rn

Вториот најдобар сон досега

rn

„Каде ми се палачинките, пингвину?“

rnПојадок со палачинки придружен со пингвини – сè што сакате на едно место!rn

rn

Сериозен разговор

rn– „И тогаш станува нешто слично…“

– „Што?“

– „На зајаци. Слушај ме!“

rnКејтлин, зошто не го разбираш ова? Не заостанувај.rn

Добро прашање

rn

„Зошто не јадам пица во моментов?“

rnИ ние мислиме на истото. Секојдневно…rn

Необична ситуација

rn

„Не му дозволувајте на Марио да победи. Барем не со гвакамоли!“

rnВеќе можеме да замислиме видео игра во која Марио прави гвакамоли…rn

Сарказам во сон

rn

„Ооо, постапи правилно. Горд сум на тебе. НЕ!“

rnЕдна од најпосебните способности е да бидете саркастични во сон.rn

Тивка молба

rn

„Не знам што по ѓаволите да ти кажам мачору, но нема да го направиш тоа.“

rnДа, мачките навистина се најлоши. Ние го знаеме тоа, вие го знаете тоа, дури и човеков што спие го знае тоа…rn

Нефер закана

rn

„Пеперутко, направи голема грешка што помина пред мене.“

rnОсвен ако не е џиновска пеперутка што јаде луѓе, не е фер битка.rn

Апокалипса?

rn

„Ох, не… не на источната страна…“, правејќи звуци на експлозии.

rnОбожаваме што тој прави сопствени звучни ефекти во сон.

Дали и вие познавате некој што зборува во сон? Споделете ги разговорите со нас…

Прочитајте ги и најморничавите работи кои ги кажале децата додека спиеле!

Популарно

Може ќе ве интересира