Ова се неколку работи кои би ве советувале да ги имате на ум доколку размислувате да се венчате со силна жена.rnrn
rn
1. Нам ни е потребно да работиме
rn
rnrnКласична домаќинка или вработена мајка? Нема дискусија околу оваа работа, за нас работата е дел од она што сме.rn
2. Ние мора да имаме контрола над парите
rn
rnrnДобро, можеби контрола е груб збор, но да разјасниме: Ние цело време ќе знаме што се случува. Па, зошто минатиот месец си потрошил толку многу? Шега!rn
3. Немаме гајле кога треба да излеземе соло
rn
rnrnНие немаме никаков проблем да излегуваме неколку викенди сами, додека вие се забавувате со момците. Само не очекувајте дека вашата страна од креветот ќе остане празна, затоа што ќе ви ја зафатиме целата… и ќе уживаме во тоа.rn
4. Не си го трошиме времето со мисловни игри
rn
rnrnЖените обично ги смислуваат таквите игри за да си поиграат со вашиот ум. Но, кај нас она „добро сум“ кога не сме, не постои. Ние сме силни жени и не заобиколуваме, ако не сме добро ќе си кажеме дека не сме и тоа е тоа!rn
5. Ќе ви кажеме што сакаме
rn
rnrnАјде да кажеме дека тоа што знаеме што сакаме се познава во повеќе аспекти од нашата врска.rn
6. Ќе ви укажеме на секој вид сексизам
rn
rnrnДоколку сакате да бидете со нас, тогаш и вие секако мора да бидете феминисти и да се навикнете на нашите коментари на секој сексизам.rn
7. Немаме проблем да ги земеме работите во наши раце
rn
rnrnВообичаено не ни пречи да жонглираме со многуте обврски затоа што тоа нè исполнува. Но, тоа не значи дека сакаме да ве тргаме на страна. Бракот е и партнерство.rn
8. Ние сепак сакаме и вие да преземете дел од одговорностите
rn
rnrnДали сме добри во тоа што го правиме? Секако дека сме. Но, тоа не значи дека одвреме-навреме не сакаме и вие да преземете дел од одговорностите. Всушност не, тотално е секси кога вие ќе ја преземете контролата, а ние ќе се чувствуваме слободно.rn
9. Ние не веруваме во пумпање на машкото его
rn
rnrnНекои мажи се згрозени од силни и независни жени кои прават пари. Тоа не смее да биде така, затоа што сигурните мажи нема зошто да бидат згрозени од моќни жени.rn
10. Покрај сè, вие навистина сте ни потребни
rn
rnrnПред вас ќе се претставиме како силни независни жени кои може да се справат со она што животот ни го носи. Но, да имаш некој зад себе е навистина прекрасно.rnrnПотребни сте ни повеќе отколку што можете да видите, силните жени не секогаш сакаат да убиваат пајаци по дома.