Девојките што пијат розе вино сакаат да ги знаете овие 7 нешта за нив
Застанете и помирисајте го розето, се согласувате? Сигурни сме дека знаете барем една личност (ако тоа не сте вие самите) што ужива во овој пијалак. Таа најверојатно има повеќе од 21 година и пие барем по една чаша по секој долг работен ден. Но таа исто така е и често неразбрана од своите врсници. Можеби си мислите дека е многу едноставна, здодевна и монотона, но тоа е далеку од вистината!
1. Таа не е едноставна
Уживањето во овој пијалак не ве прави едноставни. Да, постои нешто чудно во розовите пијалаци, но оваа девојка сака да ви каже дека таа секогаш одбира вкусови пред трендови. Иако ужива и во црвеното вино, исто како и вас, сепак го преферира розе виното бидејќи има посладок вкус, исот како неа.
2. Таа обожава добар разговор
Можеби без размислување ќе претпоставите дека оние што обожаваат црвено вино се најдобри за разговори. Нивните софистицирани непца нè тераат да помислиме дека ги имаат најзабавните приказни од учењето во друга држава или од авантурите ширум светот. Но, девојката што пие розе вино е всушност најдобрата социјална пеперутка. Таа знае во секој момент да започне забавен разговор, со кој било во друштвото, и никогаш не е нервозна кога им пристапува на непознати луѓе.
3. Таа е лидер
Оваа девојка е лидер, не следбеник! Таа е трендсетерка, секогаш подготвена прва да оди по патот што сите го заобиколуваат. Таа е страсна и силна, па затоа и лидерството природно ѝ доаѓа. Не постои ништо што може да ѝ застане на патот до нејзините соништа, и таа едноставно не може ни да замисли да живее здодевен живот. Светот треба да се пази од девојката со розовиот пијалак!
4. Таа е флексибилна
Оваа девојка е флексибилна кога станува збор за трошење на нејзините време и енергија, па затоа и ништо не може да ја изнервира. Кога сите се обидуваат да одлучат кој е следниот чекор, таа едноставно ќе каже: „Мене сè ми одговара“. Вистината е дека во која ситуација и да се најде, таа ќе пронајде начин како да ја направи незаборавна.
5. Може да биде и малку интровертна
Иако оваа девојка обожава разговори и да биде во центарот на вниманието, таа исто така знае да биде и интровертна. Понекогаш сè што ѝ е потребно е да се затвори во својата соба и да слуша музика или да создаде нешто прекрасно со цел да си ги наполни батериите. И покрај тоа што постојано е изложена на страст и љубов од луѓето околу неа, таа исто така сака да минува време и сама со своите мисли.
6. Таа има богат карактер
Девојката што преферира помалку популарен пијалак како розе виното има богат карактер. Таа има и чудни карактеристики, и иако е свесна за нив, сепак ги обожава. Токму тие ја прават поразлична од останатите. Не постои девојка на којашто ѝ е поудобно во својата кожа, додека истовремено и сите ја прифаќаат токму онаква каква што е. Од друга страна пак, има одлична смисла за хумор па поради тоа ја сметаат за сонце каде и е.
7. Таа е оптимист
Живеењето во розов свет може да биде нешто навистина прекрасно. Да, возрасниот свет е тежок и понекогаш е тешко да ја најдете светлата страна на нештата што во моментот ви се случуваат, но девојката што пие розе вино знае дека тревата е најзелена онаму каде што стои. Таа цврсто верува дека сè се случува со причина, па затоа е и горда на секоја своја одлука.
Прочитајте ги и овие 11 работи што само љубителите на црвено вино ќе ги разберат!