Истражувањата покажале дека секојдневните „дроги“ ви штетат повеќе од илегалните
Ширум светот, алкохолот и тутунот предизвикуваат многу повеќе смртни случаи, инвалидитет и зависност за разлика од илегалните супстанци. Барем ова се резултатите од едно неодамнешно истражување.
Биле анализирани податоци од 2015-та година во врска со глобалната употреба на дрога и се користеле информации од Светската здравствена организација, Одделот за дрога и криминал на ОН, Институтот за евалвација на здравје, како и неколку други извори. Истражувачите ја следеле зачестеноста на употребата на дрога, како и последиците на здравјето како смрт и инвалидитет.
Истражувачите откриле дека низ целиот свет, околу 18% од луѓето пријавиле честа употреба на алкохол во последниот месец. Честа употреба се однесува на над 60 грама алкохол, или околу 4 пијачки. Покрај тоа, 15% пријавиле секојдневно пушење тутун, 3,8% пријавиле употреба на марихуана во изминатата година, 0,77% пријавиле употреба на амфетамини во изминатата година, 0,37% пријавиле употреба на немедицински опојни супстанци и 0,35% пројавиле употреба на кокаин.
Највисокото ниво на употреба на алкохол било во Централна, Источна и Западна Европа. По глава на жител, консумацијата била од 11 до 12 литри чист алкохол во овие реони, додека ширум светот количината изнесувала околу 6 литри. Овие реони имале и најголема употреба на тутун, односно околу 21% до 24% од населението изјавиле дека пушеле секојдневно.
Во врска со зависноста, се проценило дека 63 милиони луѓе ширум светот биле зависни од алкохол во 2015-та година. За споредба, околу 20 милиони луѓе биле зависни од марихуана и 17 милиони биле зависни од опојни супстанци.
Бројот на зависници од марихуана и опојни супстанци бил речиси 3 пати повисок во САД и Канада за разлика од остатокот во светот. Биле пријавени околу 749 случаи на зависност од марихуана и 650 случаи на зависност од опојни супстанци на 100.000 луѓе.
Пушењето тутун било најчесто поврзано со смртни случаи. За секои 100.000 смртни случаи во 2015-та година, 110 биле поврзани со тутун, додека само 33 биле поврзани со алкохол и 7 со илегална употреба на дрога.
Истражувачите исто така пресметале колку години од животот изгубиле луѓето кои умреле од употреба на дрога, или кои живееле со инвалидитет поради употреба на дрога. Откриле дека тутунот ја „чинел“ популацијата 171 милион денови, алкохолот 85 милиони и илегалната употреба на дрога 28 милиони денови.
„Алкохолот и пушењето тутун се многу поштетни од незаконската употреба на дрога, глобално и во повеќето региони“, изјавиле истражувачите.
Покрај тоа, пушењето тутун предизвикало најмногу здравствени проблеми. Сепак, влијанието на дрогата може да е потценето поради недостатокот од податоци. Во некои држави и региони, како Африка, Карибите, Латинска Америка и Азија има малку, или нема воопшто податоци за употребата на илегални супстанци.
Дознајте и како видовите дрога кои предизвикуваат зависност влијаат на вашиот мозок.