Фасцинантно истражување покажало дека луѓето „гледаат“ работи надвор од нивното видно поле

Share

Речиси секој човек има почувствувано дека некој го гледа. Изгледа дека за оваа појава сепак има научно објаснување. Нашата свесност за просторот се простира подалеку од она што можеме да го видиме.rnrnИстражување покажало дека луѓето „гледаат“ работи надвор од нивното видно полеrnrnНово истражување од Институтот за истражување на електрична комуникација на универзитетот Тохоку во Јапонија имало за цел да открие како луѓето го перцепираат движењето во тродимензионален простор.rnrnГрупата водена од професор Сатоши Шиоири создала посебен екран со 6 панели кој покривал простор од 360 степени и опкружувал 55 испитаници. На секој панел се појавувале по 6 букви во исто време, а на испитаниците им била дадена задача да најдат одредена буква. Било забележувано времето кое им било потребно да ја најдат буквата.rn

„По неколку изложувања на истото просторно опкружување, лоцирањето на предметот стана побрзо дури и ако гледачот нема знаење за повторувањата.“

rnРезултатите укажуваат дека во мозокот постои „претставување на опкружувањето“ и може да се користи за „гледање назад“ без потреба од свртување. Со други зборови, луѓето имаат „очи“ на задниот дел од главата.rn

„Нашиот мозок конструира свет од 360 степени, иако визуелно сме свесни само за просторот пред нас.“

rnПогледнете ги и знаците кои покажуваат дека имате шесто сетило.

Read more

Local News