КАФЕ ПАУЗА

Топ 5 содржини за изминатата недела (22.8.-28.8)

Топ 5 содржини за изминатата недела (22.8.-28.8)

Ги издвојуваме петте содржини кои најмногу ги читавте на Кафе пауза изминатава недела.Топ 5 содржини за изминатата недела (22.8.-28.8)rn

1. ТВ серии кои ќе ги гледате од септември

rnСептемврискиот маратон на ТВ сериите само што не започнал. Како и секоја година во овој период, на малите екрани се враќаат поголемиот дел од популарните ТВ серии со нова сезона. За сите љубители и фанатици, следниот месец ќе претставува рај, не само поради тоа што продолжуваат старите, туку и поради фактот што во овој период се појавуваат и нови серии кои можат да бидат следниот светски хит. Затоа вие само гледајте и уживајте, а Кафе пауза ќе ве изненадува со нови рецензии и занимливости поврзани со сериите и оваа сезона.rn.rn

2. 5 невообичаени примени на пастата за заби

rnМногу средства кои ги користиме во секојдневието имаат поширока намена од онаа која им е основна. Пастата за заби, освен за одржување на хигиената во вашата уста, можете да ја примените за уште неколку работи во домаќинството. Еве 5 кул примени на пастата за заби кои ќе ве изненадат и можат да ви го олеснат животот во даден момент…rn.rn

3. Креативни начини да ја покажете вашата љубов со помош на астрологијата и технологијата

rnАко сте во долга љубовна врска и сметате дека веќе одамна сте го освоиле срцето на вашиот партнер, тоа не значи дека сега веќе нема потреба да правите нешто со што ќе ја докажувате вашата љубов кон него/неа. Љубовта треба постојано да се докажува и покажува. Секој човек одвреме-навреме има потреба за малку внимание и убав романтичен гест, па зошто да не ги искористите новите технологии за да направите нешто што ќе биде креативно, ќе изгледа убаво и ќе му го затрепери срцето на вашиот љубен партнер?rn.rn

4. Научно докажани начини да изгледате поатрактивно во машките очи

rnКонечно има научно докажани факти кои ќе им помогнат на жените да го освојат срцето на нивниот симпатија. Истражувањата велат: носете црвено, смејте се на неговите шеги, замавнете со колковите, не држете строги диети… Останатото прочитајте го понатаму. :)rn.rn

5. Смешни грешки при куцање СМС-пораки

rnи се случило ли некогаш да напишете СМС-порака и дури откако ќе притиснете „испрати“ да сфатите дека сте направиле печатни грешки, поради кои можете да бидете тотално погрешно сфатени? Не знаеме за вас, но бидете сигурни дека илјадници американци имаат што да кажат на темава. Кога куцаат СМС-пораки, тие ја користат опцијата за автоматско коригирање на зборовите, па понекогаш наместо да им се олесни пишувањето, тие се ставаат себеси во чудна ситуација со нивните блиски луѓе и не сакајќи прават страшна семејна драма, започнуваат неочекувани кавги со љубовниот партнер, звучат ужасно безобразно и перверзно и што ли уште не! Ова е нашата селекција на 25 ултра смешни СМС-пораки испратени од Ајфон, кои веруваме дека ќе ве насмеат до солзи и ви го продолжат животот за неколку години.rn———————————————————————————————————————————————————————rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.