КАФЕ ПАУЗА

7 навики за вежбање кои му штетат на вашето женско здравје

7 навики за вежбање кои му штетат на вашето женско здравје

Иако вежбањето е одлично за да се одржи кондицијата и добрата форма на нашето тело, некогаш може да донесе и доста несакани ефекти, како последица на лошите навики. Ова особено важи за жените, за нивното интимно здравје. Затоа, треба да внимавате на вашите навики кои ги имате кога е во прашање вежбањето и редовно да следите како опремата за вежбање и потењето влијаат на вашата вагина.rnrn7 навики за вежбање кои му штетат на вашето женско здравјеrnrnГенерално, вежбањето го подобрува имунитетот, а со тоа се намалуваат и ризиците за габични инфекции, но треба да се внимава и на многу други нешта и да се чувате од евентуални повреди во долниот абдомен и карличниот дел.rn

1. Пречесто возење велосипед

rnСпоред гинеколозите, предолгото возење велосипед може да предизвика нечувствителност и болка во вагиналниот дел. Ваквата состојба во иднина може да доведе до трајно оштетување на нервите во овој дел. Затоа е важно внимателно да се избере велосипедот, но и седиштето да биде соодветно, како и целосната опрема за возење, која има дополнителна заштита во делот кај задникот и интимата.rn

2. Вежбате веднаш по породувањето

rnНајчестиот совет кој новата мајка може да го добие од докторите, но и од семејството, е во првите 40 дена по породувањето да одмара и да не презема големи активности. Токму толку време му треба на телото да се смири и да се врати во првобитната состојба. Вежбањето веднаш по породување може дополнително да го забави закрепнувањето и враќањето на тонусот на мускулите во абдоменот.rnrn7 навики за вежбање кои му штетат на вашето женско здравјеrn

3. Пречесто отстранување на срамните влакна

rnСрамните влакна служат за да создадат изолација меѓу вашата кожа и директните надворешни влијанија. При нивно отстранување, било со восок или со брич, на површината на кожата се создаваат мали оштетувања, кои може лесно да бидат изложени на пот и бактерии, особено доколку носите облека за вежбање изработена од синтетички материјали. Избегнувајте да вежбате доколку штотуку сте се издепилирале и внимавајте на интимната хигиена.rn

4. Носите претесни хеланки за вежбање

rnТесните хеланки произведени од синтетички материјали се ризик за целата кожа која ја покриваат, вклучувајќи ја и вагината. Преголемата влажност во овој дел може да предизвика инфекции. Обезбедете си опрема за вежбање произведена од памук, за да може кожата да дише.rn

5. Скокање горе-долу

rnНеумерената физичка активност создава многу притисок во абдоменот и пелвичниот дел од телото. Ако премногу скокате или претерувате со трчање на лента, можно е да заслабнат абдоминалните и пелвичните мускули и да се изгуби цврстото држење на органите на свое место во пелвичната празнина. Советувајте се со гинеколог кои вежби се добри за вас, а кои треба да ги изведувате со намален интензитет.rnrn7 навики за вежбање кои му штетат на вашето женско здравјеrn

6. Носење танга и полутанга

rnВаквите модели се идеални за нарушување на здравјето и балансот во вашите интимни делови. Ткаенината на овие гаќички се трие од вашиот анус, а кога подолго се движите, нивното измрдување може да пренесе бактерии како ешерихија коли во вагината. Тоа носи огромен ризик за вагинална и уринарна инфекција, па затоа за вежбање изберете најобични памучни гаќички.rn

7. Предолго ја носите опремата за вежбање

rnКолку и да живеете блиску до салата за вежбање, или пак да сте жедни, времето поминато во облеката за вежбање треба да биде сведено на минимум. Најдобро е всушност, веднаш по вежбањето да се пресоблечете во сува облека, а веднаш кога ќе стигнете дома да се истуширате. Вашата вагина треба секогаш да биде чиста и сува, за да се избегнат инфекции предизвикани од потта и отровите кои излегуваат преку неа.rnrnПрочитајте ги и овие 11 лаги за вагината кои секоја жена ги има чуено барем еднаш.